Вчера во СВР Тетово се пријавени три обиди за тешка кражба и една кражба на 16.10.2026 во верски објекти на подрачјето на градот, соопшти МВР.
Во верски објект „Фирдеус“ на ул. „Ван Вардарска“, во периодот од 16.10.2026 и 17.10.2026 непознат сторител со употреба на физичка сила насилно го отворил прозорецот од подрумските простории и се обидел да ја отвори подрумската врата, по што го напуштил местото.
Во „Големата џамија“ на ул. „Горна Чаршија“, околу 05:30 часот, едно лице влегло во објектот, се обидело да го пронајде клучот, а потоа со метален предмет се обидело да ја оштети и отвори вратата, по што се оддалечило.
Во „Ески“ џамијата на ул. „Пробиштипска“, одговорното лице А.Б. (38) од Тетово пријавило дека непознато лице се обидело да го отвори и оштетил металниот сеф, кој бил пронајден поместен под столиците.
По преземени оперативни мерки од страна полициски службеници од СВР Тетово, на 17.10.2026 година во 12:30 часот на ул. „Борис Кидрич“ во Тетово е лишен од слобода Д.С. (35) од с.Јеловјане, поради основано сомнение за сторено кривични дела ,,Тешка крашба“ и „Тешка кражба во обид“ казниво по член 235 од КЗ.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Градежна офанзива во Илинден – жителите ќе возат по нови асфалтирани улици
- МНР повика претставник од бугарската амбасада: Изјавите на бугарскиот амбасадор и министер се оценуваат како мешање во внатрешните работи
- (ВИДЕО) Спасовски: СДСМ нема да го поддржи Законот за административни службеници – отвора простор за политички притисок
- Охрид СОС со остри обвинувања: Уништени 17.000 квадрати државно земјиште во Галичица – надлежните молчат три години
- Потпишан План за здравствена соработка меѓу Македонија и Бугарија: Клековски и Ивкова во Софија договорија заеднички проекти
- Берзите здивнаа: Укинувањето на руските санкции од страна на Трамп го спречи нафтениот шок
- Регулаторна одлучи: Од полноќ дизелот повторно ќе биде поскап од бензинот
- МОН воведува реформи за иднината на младите: Функционални регистри за кариерни советници во училиштата

