Поради планирани технички интервенции на дистрибутивната мрежа, утре (19 октомври) неколку скопски населби и улици привремено ќе останат без електрична енергија.
Во општина Гази Баба, од 08:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улиците „Цветан Димов“ и „Јајце“. Прекинот е поради сервисни активности во трафостаницата „Гази Баба 8“, каде што ќе се врши чистење, долевање масло во кабловските глави и трафото, како и проверка на расклопната опрема.
Во општина Ѓорче Петров, во периодот од 10:00 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе останат жителите на улица „37“ во селото Волково.
Попладнето, во периодот од 11:30 до 14:30 часот, повторно на подрачјето на Гази Баба без струја ќе останат корисниците од дел од улиците „Коста Абрашевиќ“, „Дижонска“, „Клинска Леса“ и „Серава“. Изведувањето на работите ќе се одвива во трафостаницата „Даме Груев 2“, каде што исто така е предвидено чистење, проверка на опремата и долевање масло.

