Најниска утринска температура од -1 степен Целзиусов утрово е измерена во Битола и Лазарополе, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ниски температури од 1 степен се регистрирани во Берово и на Попова Шапка, додека во Охрид, Претор, Крушево и Маврови Анови се измерени 2 степени.
Според мерењата на УХМР, во Струмица се измерени 3 степени, а во Крива Паланка, Тетово и Прилеп 4 степени. Во Демир Капија се измерени 5 степени, во Виница 6, а во Штип и Кавадарци 7 степени.
Во Скопје-Петровец, Куманово и Гевгелија утринската температура изнесуваше 8 степени, додека во Велес и во Скопје на Зајчев Рид се измерени минимални 9 степени.
Времето во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 14 до 23 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 21 степен.

