Close Menu
Press24
    Најново

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Серија апсења низ Македонија

    17.10.2026 во 13:54

    Времето денеска покажува заби: Само 2 степени измерени во 14 часот

    17.10.2026 во 14:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жителите на Брвеница денеска гласаат за нов градоначалник
    • Времето денеска сончево со умерена облачност – од четврток пресврт
    • Осуден 19-годишен фудбалер: Отпатувал во Британија за да убие човек за 25.000 евра
    • Вучиќ го претстави осумгодишниот план
    • Реформа во данското образование: Наставниците ќе можат физички да интервенираат против насилни ученици
    • Полицијата не попушта – казнети 871 возачи на тротинети
    • Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима
    • Времето денеска покажува заби: Само 2 степени измерени во 14 часот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Жителите на Брвеница денеска гласаат за нов градоначалник

    Жителите на Брвеница денеска гласаат за нов градоначалник

    18.10.2026 во 10:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Жителите од десет населени места во Општина Брвеница денеска гласаат на предвремените локални избори за нов градоначалник. Гласањето следува откако на 23 јуни 2026 година, на 58-годишна возраст, почина дотогашниот прв човек на општината, Јовица Илиевски.

    Избирачките места се отворени од 7:00 часот, а гласањето ќе трае до 19:00 часот.

    Во Избирачкиот список се запишани вкупно 16.256 гласачи. Од нив, 449 лица се на привремена работа во странство, додека девет избирачи гласаат од затвор или притвор.

    За функцијата градоначалник се борат шестмина кандидати – четворица од политички блокови и двајца независни:

    • Стојанчо Радически – кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ;
    • Јовица Радески – кандидат на коалицијата предводена од СДСМ;
    • Јакуп Усеини – кандидат на Коалицијата ВРЕДИ;
    • Аркин Јахији – кандидат на Националната алијанса за интеграција (НАИ);
    • Душан Богдановски – независен кандидат;
    • Арифе Идризи – независна кандидатка.

    Според правилата, за кандидат да биде избран во првиот круг, треба да освои мнозинство гласови од оние кои гласале, со услов на изборите да излезат најмалку една третина од вкупниот број запишани избирачи. Доколку овој цензус не се исполни, целата изборна постапка се повторува.

    Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека првичните резултати добиени по електронски пат ќе ги објавува сукцесивно. Резултатите засновани на записниците од Општинската изборна комисија (ОИК) ќе бидат соопштени во рок од 12 часа по затворањето на гласачките места.

    ОИК ги објавува првичните резултати во рок од 7 часа по завршувањето на гласањето, врз основа на податоците од Избирачките одбори, и ги истакнува на огласната табла во општината и во јавните гласила. Конечните резултати ДИК ќе ги објави веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од нивната конечност.

    Во изминатите неколку месеци, функцијата вршител на должноста градоначалник на Општина Брвеница ја извршуваше Роберт Милошески.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Од навредите кои Филипче ги упати синоќа од Брвеница, гледаме дека имаме работа со личност која го загубила разумот

    16.10.2026 во 22:46

    Радичевски: Со јасна визија и конкретни проекти ja развиваме Брвеница

    16.10.2026 во 20:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.