Close Menu
Press24
    Најново

    „Куќата ја изгради, но никогаш не се всели, мајка му плаче секој ден“ – Додека јавноста зборува за Ива семејството на Дурмиши тагува

    15.10.2026 во 10:52

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Осум морнари се исчезнати по напад на брод во близина на романскиот брег

    15.10.2026 во 10:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата„Домашно со љубов“
    • СДСМ: Додека Мицкоски зборува бајки, земјоделците ја плаќаат сметката
    • Кочан ладно утрово во Македонија – Минусни температури во неколку градови
    • Времето денеска сончево со умерена облачност и температури до 20 степени
    • Голема полициска акција на МВР, најдено дрога о оружјез претреси на 40 локации
    • Пластична или дрвена – Која даска за сечење е подобра?
    • Сталоне откри зошто не може да се пензионира: Свадбата на ќерката ќе го чини скапо
    • Мотоциклист удри во пешак, двајцата завршија во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата„Домашно со љубов“

    ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата„Домашно со љубов“

    17.10.2026 во 10:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мирисот и вкусот на домашното, традиционалните ракотворби и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација се во фокусот на манифестацијата „Домашно со љубов“, која од 16 до 18 октомври се одржува во ВЕРО Центар.

    Во периодот од 10 до 16 часот, посетителите ќе имаат можност да бидат дел од тридневна програма посветена на домашните вкусови, традиционалните производи, рачната изработка и зачувувањето на културното наследство.

    Посебен дел од програмата е посветен на меѓугенерациското дружење и пренесувањето на знаењата и вештините кои со децении се негуваат во нашите семејства. Корисниците на Дневниот престој за стари лица за активно стареење при Црвен крст на град Скопје ќе реализираат креативна работилница за изработка на предмети од глина и плетење.

    Преку непосредна дружба со најмладите посетители на ВЕРО Центар, повозрасните учесници ќе ги споделат своите вештини, знаења и животни искуства и ќе им покажат дел од традиционалните техники кои со генерации биле дел од македонското секојдневие. На овој начин, „Домашно со љубов“ добива и посебна социјална димензија, создавајќи простор во кој различни генерации се поврзуваат преку креативноста, традицијата и заедништвото.

    Во рамките на манифестацијата ќе биде организиран и базар со рачни изработки и домашни производи, а посетителите ќе имаат можност и да уживаат во дегустација на храна и различни домашни вкусови. На овој начин, настанот ќе понуди целосно доживување на традицијата,  преку производите, ракотворбите, мирисите и вкусовите кои нè потсетуваат на домашната трпеза и семејните обичаи.

    Кон настанот ќе се приклучат и повеќе познати компании и брендови, меѓу кои Жито Лукс, Мамас, Подравка, Алкалоид, Виталиа, Монтенегро и Бучен Козјак, кои со своето учество ќе ја збогатат понудата и програмата на манифестацијата.

    „Со „Домашно со љубов“ сакаме ВЕРО Центар да биде место каде традицијата не само што се памети, туку и се доживува и споделува. Домашните вкусови, рачните изработки и знаењата на повозрасните генерации се важен дел од нашето наследство. Особено ни е драго што преку овој настан создаваме простор тие вредности да им се пренесат и на најмладите“, велат од ВЕРО Центар.

    Манифестацијата е отворена за сите посетители, а ВЕРО Центар ги поканува граѓаните денес и утре, 17 и 18 октомври, од 10 до 16 часот, да уживаат во домашните вкусови, дегустациите, креативноста и дружењето.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Додека Мицкоски зборува бајки, земјоделците ја плаќаат сметката

    17.10.2026 во 10:14

    Кочан ладно утрово во Македонија – Минусни температури во неколку градови

    17.10.2026 во 10:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.