Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски во Ченто: Градиме над 1.200 проекти со општините, децата добија современо училиште
    • УХМР со најнова прогноза – познато какво време не очекува за викендот
    • Фрчкоски: Мицкоски турка нови партиски кадри за Судскиот совет за целосна контрола врз правосудството
    • Кривична пријава за в.д. директорот на УХМР и седум вработени: Овозможиле штета од над 500.000 евра
    • (ФОТО) Јаневска: „Бараките заминуваат во историјата, учениците во Ченто добија ново училиште
    • (ФОТО) Градежни активности во Илинден: Се асфалтира и проширува улица „11“
    • Јакупоски со отчет за работата: Инфраструктурни проекти, поддршка за младите и нови инвестиции во Маврово и Ростуше
    • Артилериска граната откриена кај новите гробишта во Битола
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски во Ченто: Градиме над 1.200 проекти со општините, децата добија современо училиште

    Мицкоски во Ченто: Градиме над 1.200 проекти со општините, децата добија современо училиште

    16.10.2026 во 12:163 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерката за образование, градоначалникот на Општина Гази Баба, пратеници, советници и жители, присуствуваше на официјалното пуштање во употреба на новиот објект на основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во населбата Ченто.

    Во своето обраќање, премиерот изрази задоволство од реализацијата на овој проект, посочувајќи дека со него се заменуваат децениските застарени објекти со современи услови за учениците.

    „Добар ден и од мене. Ова се моменти кога сето она што го почнувате гледате како има форма и суштина. И навистина за мене претставува задоволство да заедно со градоначалникот, со министерката, со пратениците, со граѓаните, советниците на Општина Гази Баба бидеме присутни овде и да го пуштиме овој објект којшто го започнавме“, изјави Мицкоски.

    Тој направи споредба со претходната состојба во која учениците ја следеа настаната со децении.

    „Значаен е уште повеќе затоа што до пред некој година овде постоеа само бараки коишто се оставени тука од времето на земјотресот практично, 50 и повеќе години, децата учеа во би рекол субстандардни услови, за разлика од тоа што денес може да го видите, навистина едни европски услови. Е сега останува само тоа да се одржува и да се чува“, посочи премиерот.

    Говорејќи за владините инвестиции, Мицкоски истакна дека поддршката за општините продолжува преку распределба на средства од централниот буџет.

    „Ние продолжуваме и понатаму да градиме, она коешто го прави оваа Влада се повеќе од 1.200 проекти коишто ги работиме заедно со општините како резултат на децентрализација на средствата од централниот буџет кон општините. И тоа е наш приоритет и така и понатаму ќе продолжиме како Влада да функционираме“, рече тој.

    Мицкоски изрази благодарност до локалното раководство, колегите од Владата и граѓаните од населбата за нивното трпение.

    „Моја голема благодарност до градоначалникот на општина Гази Баба, до советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, до пратениците во македонското собрание. Исто така голема благодарност до колегите од владата, до министерството за образование и најголема благодарност до жителите на Ченто, Гази Баба што имаа трпение и што денеска можев да видам многу среќни и радосни лица. Претпоставува многу голем дел од нив и тука го оформиле своето образование, сега се родители чиишто деца тука го оформуваат основното образование во услови коишто се многу подобри од оние кога тие го оформувале своето основно образование“, изјави Мицкоски.

    На крајот, тој посочи дека преостануваат уште неколку финални зафати за целосно уредување на просторот околу училиштето.

    „Така што уште еднаш нека е со среќа и уште многу вакви објекти да пуштаме. Остануваа уште некои детали, на пролет да зазелени, оградата да се смени, можеби паркингот за вработените, но и тоа нам дека ќе се заврши бидејќи верувам во работата на градоначалникот“, заклучи Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Фрчкоски: Мицкоски турка нови партиски кадри за Судскиот совет за целосна контрола врз правосудството

    16.10.2026 во 12:08

    Јакупоски со отчет за работата: Инфраструктурни проекти, поддршка за младите и нови инвестиции во Маврово и Ростуше

    16.10.2026 во 11:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.