Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јакупоски со отчет за работата: Инфраструктурни проекти, поддршка за младите и нови инвестиции во Маврово и Ростуше
    • Артилериска граната откриена кај новите гробишта во Битола
    • Полицијата на нозе: Се трага по 26-годишник од Македонија
    • Хаос на италијанските аеродроми: Падот на системот доведе до откажување летови
    • Лажни извештаи за регистрација на возила – Направиле штета за државата од 6,8 милиони денари
    • И денеска е за дебели јакни, студено низ Македонија – УХМР најави што да очекуваме викендов
    • Од пријавено киднапирање до вонбрачна врска: Пресврт во случајот со наводното киднапирање во Нови Пазар
    • Невреме со половина метар снег и грмотевици: Зимска бура ги зафати делови од САД
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јакупоски со отчет за работата: Инфраструктурни проекти, поддршка за младите и нови инвестиции во Маврово и Ростуше

    Јакупоски со отчет за работата: Инфраструктурни проекти, поддршка за младите и нови инвестиции во Маврово и Ростуше

    16.10.2026 во 11:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, денеска поднесе отчет за сработеното во изминатата година од неговиот мандат, истакнувајќи ги реализираните и започнатите проекти во делот на инфраструктурата, социјалната заштита, образованието и локалниот економски развој.

    „Пред една година ја презедов одговорноста да ја водам општината. Знаев дека пред нас има многу работа. Знаев дека има проблеми кои со години чекаат решение, но знаев и дека со сериозна работа, со чесен однос и со одговорно управување можеме да направиме промени. Денес, по нецела една година, сакам пред вас да направам отчет за она што го сработивме“, истакна Јакупоски.

    Во областа на социјалната заштита и поддршката за младите, тој посочи дека се донесени мерки за еднократна парична помош за новородени деца (10.000 денари за прво, 18.000 денари за второ и 25.000 денари за трето дете), помош од 6.000 денари и прибор за секое прваче, како и еднократна поддршка од 12.000 денари за сите студенти и средношколци во СОУ Маврово Ростуше. Покрај тоа, Општината ги покрива трошоците за возачка обука за младите до 24 години и трошоците за регистрација на фирми за млади претприемачи.

    Во делот на инфраструктурата, Јакупоски ги издвои комплетно завршената улица во Скудриње за пристап до 80 куќи, новиот резервоар за водоснабдување во с. Ростуше со капацитет од 160 м³, како и поплочувањето на улица во с. Велебрдо. Во завршна фаза е и реконструкцијата на спортската сала „Македонија“ кај Ростуше, а во тек се и активности за реконструкција на локалните патишта кон Рибница и Нистрово.

    Во образованието, градоначалникот најави набавка на смарт-табли и нагледни средства за сите четири основни училишта, како и изработка на проект за реконструкција на Подрачното училиште во с. Маврово. Тој потсети и на успехот со организацијата на Светското првенство во спортски риболов на крап на Мавровското Езеро.

    „Нашата визија е јасна: Маврово и Ростуше да биде модерна, функционална, одржлива и туристичка дестинација – општина во која заштитата на природното богатсво ќе биде императив, но заедно и подеднакво со економскиот развој и благосостојбата на локалното население“, порача Јакупоски.

    Прочитај повеќе

    Герасимовски: Време е за сплотување и заеднички фронт во СДСМ

    16.10.2026 во 10:38

    СДСМ: Мицкоски и Николовски бараат алиби за предвремени избори

    16.10.2026 во 10:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.