Close Menu
Press24
    Најново

    Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат

    28.10.2026 во 22:00

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Време е за сплотување и заеднички фронт во СДСМ

    Герасимовски: Време е за сплотување и заеднички фронт во СДСМ

    16.10.2026 во 10:383 Mins Read
    Screenshot
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Долги години сум во СДСМ, од мојата полнолетност, и сум бил на повеќе позиции. Досега ова ми е највисоката функција, да бидам еден од потпретседателите на СДСМ, што за мене искрено е голема чест и одговорност“, истакна потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за Дневникот на Сител ТВ.

    Тој посочи дека СДСМ во моментов е во процес на консолидација, сплотување на членството и враќање на довербата кај граѓаните.

    „Во тек е консолидирање на партијата. Треба да покажеме резултати, да ги сплотиме сите поделени страни, да седнеме заедно на маса и да ја вратиме партијата на победничките шини“, порача Герасимовски.

    Осврнувајќи се на работата на актуелната власт, Герасимовски истакна дека незадоволството е присутно кај бизнисмените, земјоделците, администрацијата и граѓаните. Според него, СДСМ мора да се екипира и да понуди силна и обединета опозициска алтернатива.

    „ВМРО-ДПМНЕ е во слободен пад. Има голем број неопределени гласачи кои се незадоволни од власта, а тоа треба да се искористи. Незадоволството е големо кај бизнисмените, граѓаните, земјоделците и администрацијата. Затоа СДСМ мора да се екипира и да се сплоти во заеднички фронт против власта. Тоа е нужно“, истакна потпретседателот на СДСМ.

    Во однос на несогласувањата во партијата и иницијативата „Платформа 12.05“, Герасимовски порача дека различните ставови можат да ја зајакнат партијата доколку постои подготвеност за дијалог и заеднички решенија.

    „Моја заложба и цел е да ги помирам спротивставените страни. Добро е за секоја партија да има различни ставови, но тоа треба да нè прави посилни. На крајот на денот треба да седнеме сите на маса, да се обединиме и да тргнеме во победа“, рече Герасимовски.

    Тој оцени дека за надминување на разликите е потребна волја од сите страни и нагласи дека комуникацијата со дел од членовите на Платформата продолжува.

    „Се согласувам дека двете страни си испратија неубави пораки, но треба да се дискутира за сè. Поголемиот дел од Извршниот одбор и партиските функционери можат да дојдат до заеднички јазик, но треба волја за тоа“, посочи тој.

    Герасимовски додаде дека со дел од луѓето во Платформата и натаму има другарски однос.

    „Другарот Иван Ивановски, на пример, беше дел од мојот победнички штаб за изборите и многу ни помогна во победата. И другите се наши членови и, покрај различните ставови, можеме да се најдеме на иста линија“, истакна Герасимовски.

    На крајот, тој порача дека единството, отворениот дијалог и заедничката стратегија се неопходни за СДСМ да ја врати довербата кај граѓаните и повторно да се врати на победничките патеки.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.