Дваесетгодишен кавадарчанец бил приведен синоќа откако полицијата кај него пронашла марихуана.
Станува збор за С.Ј. (20), кој бил запрен од полицискиот мобилен тим „Task Force“ во Кавадарци на 15 октомври, околу 23:45 часот. При извршениот преглед, кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Младиот кавадарчанец бил однесен во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

