Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Ги одглавивме проектите што со години беа оставени
    • СДСМ: Мицкоски и Николовски бараат алиби за предвремени избори
    • Нови инвестиции и посилна енергетска мрежа – Божиновска на средба со ЕБОР
    • Димитриеска-Кочоска од средбите на ММФ и Светска банка: Фискалната дисциплина е клучна за растот
    • „Тоше, те сакаме сите“ – Во Ново Лисиче денеска музика, емоции и спомени
    • Лоши вести утрово: Цената на нафтата расте
    • Поради дефект дел од Скопје без вода – Водовод со важна информација
    • Нови можности за македонските студенти: Грчките универзитети со презентација во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Ги одглавивме проектите што со години беа оставени

    Мицкоски: Ги одглавивме проектите што со години беа оставени

    16.10.2026 во 10:262 Mins Read
    Влада на РСМ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето во „Клик плус“ на ТВ21 ги претстави инфраструктурните и енергетските проекти што ги спроведува Владата, посочувајќи дека во општините во моментов се реализираат 1.233 проекти.

    Меѓу поголемите зафати што ги наброја се изградбата на шест автопатишта, два гасовода и два студентски дома, како и инвестиции во железничката инфраструктура, училиштата и патната мрежа. Мицкоски рече дека дел од проектите што претходно биле оставени без напредок сега се активирани и продолжува нивната реализација.

    Како примери ги посочи експресните патишта Страцин – Крива Паланка и Градско – Фариш – Дреново, железничката линија Куманово – Бељаковце и продолжувањето на пругата кон границата со Бугарија. Меѓу проектите ги спомена и планираните брзи патишта од Кочани преку Виница до Делчево и од Радовиш до Струмица, како и далекуводот Битола – Елбасан.

    Во делот на образованието, премиерот најави дека два студентски дома се подготвуваат за пуштање во употреба, додека осум училишни домови треба да влезат во фаза на реализација. Тој упати и покана за посета на училиштето „Крсте Мисирков“ во Ченто.

    Мицкоски откри и кои проекти сака да ги започне до крајот на мандатот, издвојувајќи ги хидроенергетските проекти „Чебрен“ и „Галиште“.

    „Имам за цел да ставиме камен-темелник на Чебрен и Галиште. Имам таква цел затоа што тоа е иднината на државата“, изјави премиерот.

    Осврнувајќи се на состојбата на пазарот на трудот, Мицкоски рече дека од изборот на Владата се отворени околу 17.000 нови работни места. Според податоците што ги презентираше, бројот на вработени се зголемил од 691.000 на 708.000, а стапката на невработеност е намалена за повеќе од еден процентен поен на годишно ниво.

    Премиерот порача дека Владата ќе продолжи со реализација на инфраструктурните и енергетските проекти, со цел, како што рече, да ги исполни очекувањата на граѓаните.

    Just In Top News Влада Мицкоски
    Прочитај повеќе

    СДСМ: Мицкоски и Николовски бараат алиби за предвремени избори

    16.10.2026 во 10:25

    Нови инвестиции и посилна енергетска мрежа – Божиновска на средба со ЕБОР

    16.10.2026 во 10:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.