Close Menu
Press24
    Најново

    Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија

    28.10.2026 во 15:59

    Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС

    28.10.2026 во 15:49

    Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

    28.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
    • Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво
    • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
    • Кражба во охридски хостел: Египќанец украл телефон и пари од гости, па приведен на автопатот Тетово – Скопје
    • Мицкоски: Сите потврдија дека сме земја со најголем раст во регионот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови можности за македонските студенти: Грчките универзитети со презентација во Скопје

    Нови можности за македонските студенти: Грчките универзитети со презентација во Скопје

    16.10.2026 во 10:062 Mins Read
    Амбасада на Грција
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Грчките универзитети во петок, 16 октомври, повторно ќе се претстават пред македонските студенти на настанот „Панорама на грчките универзитети – том 2“, што ќе се одржи во Европската куќа во Скопје, со поддршка на Амбасадата на Грција во Северна Македонија.

    Настанот е наменет за учениците, студентите и нивните семејства кои сакаат да се информираат за можностите за продолжување на образованието во Грција. Посетителите ќе имаат можност директно да разговараат со претставници на универзитетите, да ги разгледаат студиските програми и да добијат информации за академските насоки и можностите за професионален развој.

    На настанот ќе учествуваат претставници на Националниот и Каподистриски универзитет во Атина, Универзитетот Македонија и Универзитетот Аристотел во Солун. Тие ќе презентираат додипломски програми од различни области, меѓу кои археологија, литература и античка грчка историја, применета филозофија во деловното одлучување, вештачка интелигенција и наука за податоци, сметководство и финансии, спорт и здравје, како и право.

    Понудата опфаќа широк спектар на академски области, од хуманистички и општествени науки до технологија, здравство и бизнис, овозможувајќи им на заинтересираните да се запознаат со различните можности за студирање на грчките јавни универзитети.

    Презентациите ќе се одржат во две сесии, од 12 до 16 часот и од 16 до 18 часот. Во текот на настанот, посетителите ќе можат да поставуваат прашања и да добијат информации директно од универзитетските претставници.

    „Панорамата на грчките универзитети“ е дел од активностите на иницијативата „Студирај во Грција“, чија цел е да ги поврзе грчките високообразовни институции со потенцијалните студенти од регионот и да ги претстави можностите за високо образование во Грција.

    За учество е потребна регистрација преку платформата „Студирај во Грција“, на следниот линк.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

    28.10.2026 во 15:29

    Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена

    28.10.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.