Барбара Торнхил, новата американска амбасадорка за следење и борба против трговијата со луѓе, стана тема на социјалните мрежи откако Стејт департментот го објави нејзиниот официјален портрет.
Фотографијата собра милиони прегледи, а дел од корисниците се прашуваа дали е вистинска или дигитално обработена, додека други нејзиниот изглед го поврзуваа со таканареченото „лице од Мар-а-Лаго“, термин кој се поврзува со жени кои претерале со пластиката.
Торнхил е деловна жена и филантропка од Лос Анџелес, а во 2019 година била номинирана за американска амбасадорка во Сингапур, но номинацијата не била реализирана.
Таа финансиски ги поддржувала политичките активности на Доналд Трамп, а според американските медиуми донирала средства и за неговата инаугурација и за Републиканскиот национален комитет.
Како амбасадорка со специјални овластувања, Торнхил ќе ги координира американските активности за следење и сузбивање на трговијата со луѓе на меѓународно ниво.

