Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04

    Наскоро продолжен викенд – Потоа само уште еден неработен ден до крај на 2026

    15.10.2026 во 08:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Манасиевски: Барбов, Филипче и Заев целосно се заплеткаа во лаги околу случајот со Михаилова
    • (ФОТО) Скопјанец дома чувал 158 куршуми и две пушки
    • Во очи ви кажувам, и Ива и татко и кога-тогаш ќе одговараат
    • Страшна несреќа ја потресе Македонија – Жена паднала од балкон додека чистела
    • 16-годишник од Битола кривично ќе одговара, полицајци го затекнале како консумира марихуана
    • Инцидент во Охрид: Нападнати ученици од Скопје кои биле на екскурзија со нивните професори
    • Јовановски презентираше десетмесечен отчет за Кичево: Реконструирани патишта, нови паркови и домашќинско управување со буџетот
    • Цветаноски: ВМРО, ЗНАМ и ВЛЕН го отфрлија предлог-законот за финансиска помош на земјоделците
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Барбов, Филипче и Заев целосно се заплеткаа во лаги околу случајот со Михаилова

    Манасиевски: Барбов, Филипче и Заев целосно се заплеткаа во лаги околу случајот со Михаилова

    15.10.2026 во 12:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Барбов, Филипче и Заев целосно се заплеткаа во лаги и ги поминаа своите ингеренции со препораката за лекување во Бугарија, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

    Манасиевски истакна дека докторот Барбов со своето обраќање обелодени дека го водел случајот противправно, поставувајќи прашања како невролог дава мислење за хируршки интервенции и конзилијарна препорака без претходно пациентката да биде упатена на лекарски конзилиум.

    Сакајќи да се извади и да се направи како да не е од тука и не знае што се случува, докторот Барбов обелодени дека целосно го водел случајот противправно. Барбов, Филипче и Заев, пред да се правдаат, треба да кажат како Барбов, како невролог, дава мислење за хируршки интервенции? Како дал конзилијарна препорака, кога пациентката никогаш не била упатена на лекарски конзилиум, ниту пак поднела барање за конзилијарно мислење? Зошто Барбов, пациентката како пациент после траума, не ја упатил на преглед кај неврохирург или пак трауматолог? Дали Барбов, Филипче и Заев, сакале брзо да го завршат случајот и без никој да знае, да му направат услуга на Радев? Затоа што ако не било тоа случајот, сето ова што го кажавме досега ќе било преземено – рече Манасиевски.

    Тој ја оцени како трагикомична изјавата на Барбов дека не знаел за каква сообраќајка станува збор, но знаел дека Михаилова имала бугарско осигурување, додавајќи дека иако постои билатерален договор меѓу двете земји, постојат строги правила кои пациенти и во кој случај добиваат лекување.

    Барбов, Филипче и Заев, целосно се разголија, и сега се е на чисто, кој каква улога имал – нагласи портпаролот на владејачката партија.

    Прочитај повеќе

    Јовановски презентираше десетмесечен отчет за Кичево: Реконструирани патишта, нови паркови и домашќинско управување со буџетот

    15.10.2026 во 12:29

    Цветаноски: ВМРО, ЗНАМ и ВЛЕН го отфрлија предлог-законот за финансиска помош на земјоделците

    15.10.2026 во 12:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.