Close Menu
Press24
    Најново

    ОЈО: Сторивме сѐ што можевме за да ја обезбедиме, ризикот од бегство беше причина зошто дававме негативно мислење за враќање на пасошот на Михајлова

    12.10.2026 во 14:13

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    Ниту бугарската полиција не евидентирала влез на Ива Михајлова

    12.10.2026 во 13:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Груби од денеска е слободен граѓанин – Ќе му го врати ли судот пасошот?
    • Реакции по нападите во Црното Море: Руте најави засилен надзор од НАТО, Фон дер Лајен и Сибиха со остри осуди
    • Студено низ Македонија – УХМР ги измери температурите, подгответе се за дожд и снег
    • ЈП ПОЦ со акција во Општина Центар: За една недела отстранети 135 непрописно паркирани возила
    • Ковачев за Ива Михаилова: „Скопје нема за што да се жали од Бугарија“
    • Сали на Советот за општи работи на ЕУ: Земјите-кандидатки итно да се вклучат во Европскиот центар за демократска отпорност
    • Запален службениот „Мерцедес“ на заменик-директорот на Државна лотарија
    • Привремен режим на сообраќај, ќе се вози наизменично – АМСМ со важна вест
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Груби од денеска е слободен граѓанин – Ќе му го врати ли судот пасошот?

    Груби од денеска е слободен граѓанин – Ќе му го врати ли судот пасошот?

    13.10.2026 во 11:331 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Артан Груби од денеска повеќе не е во куќен притвор, откако на 13 октомври истече законскиот рок за траење на оваа мерка. Поранешниот вицепремиер речиси осум месеци беше со ограничено движење во домашни услови, но и понатаму нема да може да ја напушти државата.

    Причината е што сè уште важи мерката за привремено одземање на неговата патна исправа, како и забраната за издавање нов документ за преминување на државната граница.

    Неизвесно останува и дали судот ќе го прифати барањето на неговата одбрана за враќање на пасошот. За таа цел, адвокатите понудија гаранција во недвижен имот проценет на 335.707 евра, со образложение дека Груби ќе биде достапен за органите на прогонот во текот на постапката.

    Од Кривичниот суд претходно појаснија дека куќниот притвор истекува на 13 октомври 2026 година, бидејќи според Законот за кривичната постапка, притворот по поднесен обвинителен предлог може да трае најмногу 60 дена. Обвинителниот предлог против Груби е поднесен на 13 август годинава.

    Поранешниот вицепремиер е обвинет во случајот „Државна лотарија“, во кој меѓу обвинетите се и поранешниот директор на претпријатието Перпарим Бајрами и уште неколку лица.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Студено низ Македонија – УХМР ги измери температурите, подгответе се за дожд и снег

    13.10.2026 во 11:17

    ЈП ПОЦ со акција во Општина Центар: За една недела отстранети 135 непрописно паркирани возила

    13.10.2026 во 11:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.