Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: ДУИ обвинува за полициска бруталност

    09.10.2026 во 11:15

    ВИДЕО: Со албанско знаме го блокираше сообраќајот – Полицијата го пронајде лицето кое„глумеше шериф“ во Скопје

    09.10.2026 во 08:35

    Нема договор со Бугарија, недовербата останува: Муцунски откри што следува за евроинтеграциите

    09.10.2026 во 08:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јанев од Охрид: Регионалната соработка мора да прерасне во заеднички безбедносен центар против илегалната миграција и криминалот
    • Тешка сообраќајна несреќа кај Дојран: Автомобил излета од пат, повредени возачот и сопатник
    • Шасивари на средба со албанскиот колега Гогу во Истанбул: Фокус на реформите и европската агенда
    • Митева презентираше детален извештај: За одбележувањето на 35 години независност потрошени 340,5 милиони денари за 18 настани
    • Николоски во Подгорица: Најавена нова авиолинија Скопје – Подгорица и поврзување со пристаништето Бар преку автопатот Скопје – Блаце
    • МВР: Одземените предмети вратени на сопственикот, расчистена кражба во Кавадарци
    • Внимавајте од понеделник: „Безбеден град“ ќе лови прекршоци во уште еден град во Македонија
    • Инцидент во Карпош: Физички нападнат возач и оштетено возило по расправија во сообраќајот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јанев од Охрид: Регионалната соработка мора да прерасне во заеднички безбедносен центар против илегалната миграција и криминалот

    Јанев од Охрид: Регионалната соработка мора да прерасне во заеднички безбедносен центар против илегалната миграција и криминалот

    09.10.2026 во 14:034 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, во изминатите два дена во Охрид, беше домаќин на регионалната платформа Joint Migration Task Force, посветена на справувањето со илегалната миграција, организираниот криминал и современите безбедносни предизвици во регионот, со посебен акцент на прекуграничните криминални мрежи и нивната способност брзо да ги менуваат начините на дејствување и криминалните рути.

    На средбата присуствуваа директорите на полициите на Црна Гора, Косово и Албанија, како и делегации од Обединетото Кралство, Грција и Босна и Херцеговина. Свои обраќања имаа и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, и раководителот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази, со што беше нагласена важноста на координираното дејствување меѓу институциите во справувањето со сложените безбедносни закани.

    Во своето обраќање, директорот Јанев истакна дека регионалната соработка мора да добие нова димензија, во која размената на информации ќе прерасне во заедничка анализа, навремено препознавање на ризиците и конкретни оперативни активности.

    „Нашите граници се национални. Нашите безбедносни предизвици се регионални. Криминалните мрежи одамна не размислуваат во национални граници, ниту миграциските рути се движат според административните линии на картата. Затоа следниот чекор е постепено да преминеме од формат кој првенствено овозможува координација и размена, кон регионален безбедносен центар, каде што информациите ќе се поврзуваат, анализираат и ќе водат кон конкретно оперативно дејствување“, истакна Јанев.

    Тој потсети дека платформата Joint Migration Task Force е иницирана од Обединетото Кралство, а Северна Македонија ѝ се приклучи во 2025 година, заедно со Косово, Албанија и Црна Гора. Во изминатиот период се воспоставени канали за комуникација, започната е размена на информации и се реализираат заеднички оперативни денови (Joint Operational Days), кои претставуваат основа за понатамошно продлабочување на соработката.

    Посебно внимание беше посветено на потребата од развивање заедничка регионална аналитичка слика за високоризичните криминални структури, преку поврзување на информации за лица, возила, компании, логистички шеми, финансиски текови и прекугранични активности. Јанев нагласи дека миграцијата сама по себе не претставува безбедносна закана, но дека институциите мора да бидат способни навремено да ги препознаат криминалните мрежи кои ја злоупотребуваат ранливоста на луѓето, особено во случаите на криумчарење мигранти, трговија со луѓе и други облици на организиран криминал.

    Една од клучните пораки на средбата беше потребата регионалните безбедносни институции да преминат од реактивен кон проактивен пристап, преку развивање механизми за рано предупредување и предвидување на ризиците.

    „Не треба само да реагираме на она што веќе се случило, туку да се обидеме да предвидиме што може да се случи. Да ги препознаваме промените во миграциските и криминалните рути, во начините на транспорт, финансиските текови и дигиталните канали. Да не инвестираме само во нашата способност да го видиме проблемот, туку и во способноста да го предвидиме“, порача директорот на БЈБ.

    Во рамки на дискусиите беше истакната и важноста од пошироко регионално поврзување, вклучително и постепено функционално вклучување на капацитетите и информациите на Грција и Босна и Херцеговина, како и следење на копнените и водните коридори, со цел создавање поцелосна слика за регионалните безбедносни ризици.

    Јанев изрази благодарност до Обединетото Кралство за иницирањето и континуираната поддршка на платформата преку опрема, технологија, експертиза и зајакнување на капацитетите, нагласувајќи дека долгорочната цел е градење одржлив регионален механизам заснован на доверба, размена на информации и заедничка оперативна одговорност.

    Средбата беше искористена и за билатерални и мултилатерални разговори, насочени кон продлабочување на партнерствата, унапредување на размената на информации и развивање можности за координирани истраги и заеднички оперативни активности, во согласност со законските рамки на државите учеснички.

    „Нашата цел е разменетата информација да произведува координиран резултат. Да преминеме од размена кон поврзување, од поврзување кон анализа, од анализа кон заедничко дејствување и од реакција кон превенција и предвидување. Тоа е начинот на кој една добра иницијатива може да стане траен регионален безбедносен капацитет“, истакна Јанев.

    На крајот, директорот на Бирото за јавна безбедност порача дека заедничката безбедност бара институциите да бидат чекор пред криминалните мрежи, со навремена размена на информации, професионална соработка и координирано дејствување.

    „Да не чекаме заканата да стигне до нашата граница. Да ја препознаеме додека сè уште е на пат кон неа“, порача Јанев.

    Прочитај повеќе

    Шасивари на средба со албанскиот колега Гогу во Истанбул: Фокус на реформите и европската агенда

    09.10.2026 во 13:47

    Митева презентираше детален извештај: За одбележувањето на 35 години независност потрошени 340,5 милиони денари за 18 настани

    09.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.