Поранешната кралица на убавината на локален фестивал на родео во Бразил, 26-годишната Наталија Соарес, загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила утрото на 29 септември на патот GO-426, помеѓу Инхумас и Санта Роса де Гојас.
Според информациите, таа управувала со сребрен „Фолксваген Голф“ кога, од засега непознати причини, изгубила контрола над возилото, излетала од коловозот и удрила во дрво. На местото на настанот екипите за итни случаи констатирале смрт на младата жена.
На совозачкото седиште се наоѓало мало дете, за кое локалните медиуми објавија дека е нејзината ќерка. Пожарникарите го извлекле детето од целосно смачканиот автомобил и го пренеле во болница. Според Државната патрола, тоа не претрпело повреди опасни по живот.
Наталија Соарес во 2017 година била прогласена за кралица на убавината на родео фестивалот и била добро позната во нејзината средина. Градскиот совет на Санта Роса издаде соопштение со кое изрази сочувство до семејството: – Знаеме дека зборовите не можат да ја ублажат болката во овој момент, но сакаме да ја изразиме нашата солидарност и поддршка на семејството и пријателите во ова многу тешко време.
Државната патрола продолжува со истрагата за да ги утврди точните причини и фактори што доведе до несреќата.

