На 3 октомври, во 12:40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека вечерта претходниот ден, околу 22:15 часот, во училишен двор на подрачјето на Ѓорче Петров биле нападнати повеќе малолетници.
Според пријавеното, малолетните деца на тројца скопјани и нивни другари биле физички нападнати од четворица малолетници. Еден од напаѓачите, според пријавата, носел и остар предмет.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

