Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вселената поблиску до најмладите: Македонија со низа едукативни настани

    Вселената поблиску до најмладите: Македонија со низа едукативни настани

    05.10.2026 во 09:122 Mins Read
    Плакат
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со серија едукативни и научно-популарни активности, Македонија годинава се приклучува кон одбележувањето на Светската недела на вселената. Манифестацијата се одржува од 4 до 10 октомври под мотото „Ракетна револуција“, со фокус на брзиот развој на вселенскиот сектор и сè поголемото учество на приватниот сектор, стартапите и академските тимови.

    Светската недела на вселената се одбележува во чест на два значајни датуми – лансирањето на „Спутник 1“, првиот вештачки сателит, на 4 октомври 1957 година и потпишувањето на Договорот за мирно користење на вселената на 10 октомври 1967 година.

    Според националната координаторка на манифестацијата во Македонија, Марина Таневска, активностите имаат цел да ги доближат вселенските истражувања и современите научни достигнувања до јавноста, но и да ги поттикнат младите да се интересираат за науката и технологијата.

    Во земјава се најавени повеќе настани, меѓу кои натпревар за избор на вселенски мурал, онлајн панел-дискусија „Жените во вселената: патишта, перспективи и можности“, како и предавање на Скопското астрономско друштво на тема „Колку е голема Вселената“.

    Дел од програмата се и едукативни активности во градинки и училишта низ земјава, каде најмладите ќе имаат можност да се запознаат со астрономијата, вселенските мисии и новите технологии.

    Минатата година, Светската недела на вселената била одбележана со околу 50.000 настани во повеќе од 100 земји, а организаторите очекуваат и годинава да привлече голем број учесници.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.