Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај

    Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај

    20.09.2026 во 15:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра затоа што работниците и семејствата повеќе не можат да ги покријат основните животни трошоци, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, при денешната посета на Струга.

    „Апелирам власта да го поддржи предлогот на СДСМ во Собранието за зголемување на минималната плата на 600 евра. Тоа е најмалку што може да направи за луѓето, работниците и семејствата на кои минималната плата им е единствениот приход. Поради огромните трошоци, тие едноставно не можат да врзат крај со крај“, рече Филипче.

    Тој нагласи дека зголемувањето на минималната плата треба да биде проследено со конкретна поддршка за домашните компании и приватниот сектор.

    „Потребно е да се поддржат компаниите и приватните бизниси, за зголемувањето на платите да не претставува дополнителен товар за нив. Затоа предлагаме субвенционирање на придонесите за делот од зголемувањето“, истакна Филипче.

    Граѓаните во Струга секојдневно се соочуваат со сериозни проблеми во животниот стандард и семејните финансии, а економската криза предизвикана од лошото управување на власта дополнително се продлабочува.

    „Синдикалната кошничка е зголемена за речиси 1.000 денари само за еден месец. Кога ќе се додадат трошоците за кирија за просечен стан или ратата за станбен кредит, таа достигнува близу 90.000 денари. Во Македонија стана невозможно да се живее со криминалната власт предводена од Христијан Мицкоски“, рече претседателот на СДСМ.

    Филипче посочи дека економското тонење го потврдува и сериозниот пад на странските инвестиции.

    „Во последниот објавен квартал од 2026 година има само 18 милиони евра странски инвестиции, во споредба со 250 милиони евра во времето на владите на СДСМ. Истовремено, Владата најавува нов заем од 1,3 милијарди евра, кој ќе го отплаќаат идните генерации“, рече Филипче.

    Наместо задолжувањата да се користат за вистински развојни проекти што создаваат економски раст, власта ги троши парите за покривање на буџетската дупка и тековните расходи.

    „Додека трошоците растат, платите не го следат тој раст. Затоа минималната плата од 600 евра и поддршката за компаниите не се прашање на политичка волја, туку егзистенцијална потреба за илјадници семејства“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Животот станува сè поскап: Еве колку изнесува синдикалната кошница за септември

    20.09.2026 во 12:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.