Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04

    Мајка ми ме нападна со тврд предмет – Скопјанка се јавила во полиција

    14.09.2026 во 23:49

    Пресметка: Колку ќе ве чини да си платите една година стаж за да одите во пензија

    15.09.2026 во 10:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Војната со Иран ги чини САД над 38 милијарди долари: Месечните трошоци достигнуваат до 3 милијарди
    • Мизрахи: Парламентарната соработка е важна за градење стабилни и трајни односи со Израел
    • Се огласија САД по пресудата на Хашим Тачи
    • Младо момче падна в рацете на полицијата – го фатиле со дрога
    • Повеќе пари за новороденчиња: Се предлага зголемување на еднократната помош до 52.000 денари
    • Николоски оствари средба со американската амбасадорка Варнс: Потврдена одличната економска соработка и динамика на капиталните проекти
    • Меѓународна конференција на Уставниот суд: Костадиновски порача дека довербата се гради со храброст и бескомпромисно одлучување
    • Генералот Сашко Лафчиски на конференцијата на А-5 во Задар: Регионалната соработка е клучна за безбедноста
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трагедија го потресе светот: Најмалку 60 загинати при уривање на рудник за злато, трагаат по исчезнати

    Трагедија го потресе светот: Најмалку 60 загинати при уривање на рудник за злато, трагаат по исчезнати

    16.09.2026 во 15:451 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најмалку 60 лица ги загубиле животите при уривање на рудник за злато во Судан, додека спасувачките екипи и локалните жители продолжуваат да трагаат по луѓе кои сè уште се водат за исчезнати.

    Несреќата се случила во рудникот Ал-Зара, северно од градот Ал-Нухуд, во суданската покраина Западен Кордофан. Инцидентот се случил во неделата, а информацијата за бројот на жртвите ја потврдиле три локални извори за „Ројтерс“. Според нивните проценки, големиот број жртви може да се поврзе со непочитување на безбедносните процедури, но и со недостиг на соодветна опрема за спасување и извлекување на луѓето од рудникот.

    По уривањето, во областа започнала потрага по лица за кои нема информации. Локалните извори предупредуваат дека бројот на загинати би можел да се зголеми, бидејќи сè уште има луѓе кои се бараат. Покраината Западен Кордофан во моментов е под контрола на паравоените Сили за брза поддршка (RSF), а експлоатацијата на злато претставува еден од значајните извори на приходи во подрачјето, пренесува Танјуг.

    Судан е меѓу најголемите производители на злато на африканскиот континент, но значителен дел од производството се одвива во рудници со застарени техники и опрема, што го зголемува ризикот за работниците и го свртува вниманието кон слабата безбедносна инфраструктура.

    Прочитај повеќе

    Се огласија САД по пресудата на Хашим Тачи

    16.09.2026 во 17:05

    Се урна висококатница – најмалку 16 лица загинаа, спасувачите трагаат по преживеани во Газа

    16.09.2026 во 16:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.