Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – бензинот ќе оди над 100, дизелот ќе поевтини

    14.09.2026 во 09:50

    Регулаторна одлучи: Од полноќ дизелот станува поевтин од бензинот

    14.09.2026 во 13:24

    СДСМ: Мицкоскси штом ќе зине – лаже

    14.09.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Цана: Состојбата со западнонилската треска стивнува, на Инфективна хоспитализирани седум пациенти
    • Татко ми ме тепаше со дрвен предмет – семејна драма во Прилеп
    • Виничанец крадел струја – Премостувал броило и направил штета од над 180.000 денари
    • Вознемирен скопјанец се јавил во полиција: Син ми исчезна – пред еден месец отиде кај негови другари
    • Муцунски се сретна со амбасадорот Рокас: Членството во ЕУ останува стратешка определба
    • Се уште не им доаѓа памет:Уапсени 18 возачи, 17 немале положено, еден од нив направил и сообраќајка
    • ФОТО: Почна архитектонското осветлување на Камениот мост во Скопје
    • Страшна сообраќајка во Ранковце: Тешко повреден 88-годишен велосипедист
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Цана: Состојбата со западнонилската треска стивнува, на Инфективна хоспитализирани седум пациенти

    Цана: Состојбата со западнонилската треска стивнува, на Инфективна хоспитализирани седум пациенти

    14.09.2026 во 17:071 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На Клиниката за инфективни болести во моментов се хоспитализирани вкупно седум пациенти заболени од западнонилска треска, од кои двајца се во тешка состојба. Според оценките на директорот на Клиниката, Фадил Цана, ситуацијата со вирусот почнува да стивнува.

    Во текот на последнава недела, да не кажам и десет дена, само еден суспектен хоспитализиран пациент, додека другите се истите шест потврдени пациенти, од кои два се потешко болни и сè уште се на респираторна поддршка и се наоѓаат во Одделот за интензивна нега. Останатите се стабилни и се на Одделот за невроинфекции, изјави Цана.

    Двата најтешки случаи се сè уште без подобрување. Заболените се исклучиво повозрасни лица, при што последниот примен пациент има 70 години.

    Здравствените власти очекуваат целосно смирување на епидемијата со пад на температурите.

    Очекуваме како што опаѓаат температуриве, да заврши и оваа епидемија, заради тоа што по сите светски статистики така се одвива епидемијата, во доцните летни месеци, т.е. септември, се очекува пад. Но, мора да го кажеме и тоа дека по преземените мерки од здравствените власти и локалните власти, особено во општините што беа зафатени со епидемија, се гледаат резултати и имаме намален број на инфицирани, рече Цана.

    Прочитај повеќе

    Татко ми ме тепаше со дрвен предмет – семејна драма во Прилеп

    14.09.2026 во 17:03

    Виничанец крадел струја – Премостувал броило и направил штета од над 180.000 денари

    14.09.2026 во 16:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.