Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – бензинот ќе оди над 100, дизелот ќе поевтини

    14.09.2026 во 09:50

    СДСМ: Мицкоскси штом ќе зине – лаже

    14.09.2026 во 09:46

    СДСМ: Во која бајка живее Мицкоски?

    13.09.2026 во 11:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Божиновска со органите во состав: Ревизорските наоди мора да добијат конкретен одговор и рок за реализација
    • Кузеска: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра
    • СДСМ: Арамија Мицкоски и Клековски ги кријат извештаите за водата – Сега умре и рибата во Треска
    • Минчев: Еднаква плата за еднаква работа – од реформа до функционален систем на плати во јавниот сектор
    • Маж утрово се фрлил во Вардар во скопски Аеродром – со Брза помош префрлен во болница
    • ЗНАМ: Како ветувањето на Герасимовски за бесплатни оброци за сите ученици се промени во субвенциониран оброк од едвај 1.000 денари
    • Премиерот се сретна со занаетчиите, фризерите и берберите: Предизвиците во фокусот на разговорите
    • СДСМ: Арамија Мицкоски повторно лаже со статистика – „Фич“ не кажа дека се живее подобро 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Божиновска со органите во состав: Ревизорските наоди мора да добијат конкретен одговор и рок за реализација

    Божиновска со органите во состав: Ревизорските наоди мора да добијат конкретен одговор и рок за реализација

    14.09.2026 во 11:333 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска одржа работен состанок со органите во состав и субјектите поврзани со Министерството, посветен на постапувањето по наодите и препораките од ревизорските извештаи.

    На состанокот присуствуваа претставници на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви – МАКОРА, АД МЕПСО, АД НОМАГАС Скопје и МЕМО, кои реферираа за наодите од ревизорските извештаи, досегашните активности и мерките што се преземени за надминување на констатираните состојби. Фокусот на состанокот беше јасен – секој наод од ревизијата мора да има одговор, конкретна активност и рок за реализација.

    Министерката Божиновска побара од раководствата на институциите и компаниите да презентираат што е направено по дадените препораки, кои активности се во тек, кои мерки допрва треба да се преземат и во кои рокови ќе бидат реализирани.

    „Ревизорските извештаи не се документи што треба да се архивираат. Тие се јасен сигнал каде институциите треба да го подобрат своето работење. Од денеска инсистирам за секој наод да имаме конкретен одговор – што е преземено, што останува да се направи, кој е одговорен и до кога мора да биде завршено. Нема да дозволиме препораките да останат само на хартија“, истакна министерката Божиновска.

    На состанокот беше договорено институциите и субјектите да постапат по препораките на Државниот завод за ревизија и да ги презентираат преземените и планираните мерки, со јасно дефинирани рокови и одговорности за реализација на преостанатите активности. Органите во состав информираа дека веќе се превземени активности и дел од препораките се имплементирани, а интензивно ќе се работи на брзо постапување и по сите останати забелешки. Министерството ќе воспостави систематско следење на реализацијата на ревизорските препораки, со редовно известување за степенот на исполнетост.

    На тој начин ќе се обезбеди институционална одговорност и континуирано следење на тоа дали и во кој рок се постапува по утврдените наоди. Оваа средба е продолжение на иницијативата на министерката Божиновска за засилување на контролата и отчетноста во институциите и компаниите поврзани со енергетскиот сектор. Претходно, по нејзино барање, беше спроведена ревизија за работењето на овие Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, а неодамна оствари средба и со Главниот државен ревизор Максим Ацевски, на која беа разгледани ревизорските извештаи, утврдените состојби и препораките за нивно надминување.

    „Нашата цел не е само да ги констатираме слабостите, туку да ги отстраниме. Очекувам од сите субјекти максимална одговорност и посветеност во реализацијата на препораките. Ќе следиме, ќе проверуваме и ќе бараме резултати. Само со ваков пристап можеме да изградиме институции кои работат поефикасно, потранспарентно и одговорно со јавните средства и ресурсите со кои управуваат“, порача Божиновска.

    Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе продолжи со редовна координација со органите во состав и субјектите од својата надлежност, со цел ревизорските наоди да се претворат во конкретни корективни мерки, а препораките – во реални подобрувања во работењето. Ревизијата е проверка на работењето. Реакцијата по ревизијата е мерка на одговорноста.

    Прочитај повеќе

    Минчев: Еднаква плата за еднаква работа – од реформа до функционален систем на плати во јавниот сектор

    14.09.2026 во 10:52

    Премиерот се сретна со занаетчиите, фризерите и берберите: Предизвиците во фокусот на разговорите

    14.09.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.