Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев: Еднаква плата за еднаква работа – од реформа до функционален систем на плати во јавниот сектор

    Минчев: Еднаква плата за еднаква работа – од реформа до функционален систем на плати во јавниот сектор

    14.09.2026 во 10:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денес, системот на плати во јавниот сектор се уште се карактеризира со различни правила, процедури и практики меѓу институциите. Тоа создава нееднаквости и ја отежнува примената на јасни и единствени стандарди за вреднување на работата. Затоа, воспоставувањето поусогласен, транспарентен и праведен систем на плати е една од важните реформи на кои Министерството за јавна администрација посветено работи.

    Во насока на оваа реформа, денеска започна петдневната TAIEX експертска мисија посветена на воспоставување единствен и усогласен систем на плати во јавниот сектор. Мисијата ја отворија министерот за јавна администрација, Горан Минчев и вршителката на должноста амбасадор на Република Грција, Христина Василату, а во нејзини рамки експерти од грчкото Министерство за национална економија и финансии ќе го пренесат искуството од грчкиот Единствен систем на исплата, модел кој овозможува централизирано и усогласено управување со исплатите во јавниот сектор.

    „Нашата цел е јасна, да воспоставиме систем во кој правилата ќе бидат јасни и еднакви за сите, а принципот „еднаква плата за еднаква работа“ да биде реално применлив во целиот јавен сектор“ порача министерот Минчев. Министерството работи на новата законска рамка за системот на плати, со план законското решение да биде заокружено до крајот на 2026 година, а неговото постепено и систематско спроведување да започне во 2027 година.

    „Не сакаме да копираме туѓ модел. Сакаме да го разбереме, да го анализираме и врз основа на нашите институционални, законски и финансиски услови да изградиме решение кое ќе биде функционално и применливо за Северна Македонија“ истакна Минчев. Според него, целта е да се создаде систем што нема само да ги поедностави процесите, туку ќе донесе поголема транспарентност, подобра контрола на јавните средства и поквалитетни податоци за носење јавни политики.

    За Министерството за јавна администрација, ова е конкретен чекор во реформата за градење на поефикасен и поправеден систем на плати, систем во кој правилата се јасни, одговорноста е прецизно утврдена, а јавните средства се управуваат поефикасно и потранспарентно

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.