Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Арамија Мицкоски и Клековски ги кријат извештаите за водата – Сега умре и рибата во Треска

    СДСМ: Арамија Мицкоски и Клековски ги кријат извештаите за водата – Сега умре и рибата во Треска

    14.09.2026 во 11:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Десет недели. Толку долго трае лагата за водата.

    Во Гостивар илјадници граѓани се отруја. Околу пет илјади бараа помош. До денес немаат потпишан јавен извештај што го разбира секој што пие вода од чешма. 

    Го имаат само зборот на арамијата Мицкоски дека е чисто. После хиперхлорирањето на Тошковски. После бактериите. После забраната. После техничката вода што не се пие. Зборот на шефот на бандата не е анализа. 

    Сега угинува рибата во Треска. Се бараат итни анализи. Истото прашање како во Гостивар, како на Лепенец, како на Вардар: каде се резултатите?, прашуваат од СДСМ.

    Орце Ѓорѓиевски, човекот-дрон на ВМРО-ОКГ, водата ја проверуваше од воздух. Резултат нема. Во повеќе од педесет места низ Македонија извештаи за квалитет на водата нема. 

    Ги кријат Мицкоски и Клековски. Ги кријат затоа што водата не се слика добро кога е валкана. Ги кријат затоа што труењето има име и презиме, функција и одговорност.

    Зошто се кријат извештаите? Затоа што ако народот ги прочита, пропаѓа бајката. Пропаѓа фразата – „нема криминал“. Пропаѓа лагата – „се живее подобро“. Пропаѓа концертот како анестезија.

    Арамијата мисли дека после Дејвид Гета, платен 5,53 милиони народни евра од Лотарија, граѓаните ќе заборават што пијат. Нема да заборават. Водата не е естрада. Водата не е публика од 200.000 што ја нема. 

    Водата е прва работа што влегува во куќата. Кога ќе ја отруеш, си ја отрул државата.

    ВМРО-ОКГ управува вака: камера на бина, дрон над река, извештај во фиока. 

    СДСМ бара сега, не утре: целосни извештаи за Гостивар, за Треска, за Лепенец, за Вардар и за секое место каде што водата се крие како државна тајна. 

    Без потпис на лабораторија нема чиста вода. Има само банда што се плаши од сопствената чешма.

    Кој крие вода, крие злосторство. А кој после тоа организира концерт, не слави независност. Слави што народот сеуште нема документ во рака дека водата е чиста, додаваат од партијата.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е видливо нервозен и во паника

    06.10.2026 во 21:56

    Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи

    06.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.