Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Во која бајка живее Мицкоски?

    СДСМ: Во која бајка живее Мицкоски?

    13.09.2026 во 11:033 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Шефот на ВМРО-ОКГ повторно излезе пред камери и ја вклучи машината за бајки.

    Овој пат пензиите му пораснале „16 пати“ повеќе отколку во времето на СДСМ, а граѓаните наводно живееле подобро отколку пред три години.

    16 пати. Не процент. Пати. 

    Како да зборува за казино, не за држава. А со оглед дека Државната лотарија веќе му е приватна каса, речникот му е логичен. 

    Оттаму излегоа 5,5 милиони евра за прослава на независноста и концерт на Дејвид Гета, откако истиот човек претходно рече „нула денари“. 

    Нема провизии од Лотарија, вели. Ги нема затоа што повеќе не се кријат. Сега се викаат спонзорство, дивиденда и патриотизам.

    Македонија кај него е економски тигар. Само народот тоа уште не го видел на сметката, велат одд СДСМ. 

    Затоа арамијата Мицкоски не го мери животот на граѓаните со паричник и фрижидер. Го мери со табла, како Вучиќ: црта стрелки нагоре, додека дома сметките одат нaгоре.

    Веќе сме „меѓу првите“ во туризам и авиосообраќај, „трети“ по економија во Европа. 

    Тоа го нема во животот на граѓанинот. Тоа го има само на неговата табла. 

    Едно прво место не го кажува: први сме по срам поради него и по најниска плата во Европа – повторно поради него.

    Реалната состојба е сосема спротивна од бајките на Мицкоски. 

    Во касата нема пари за достоинствени пензии, па се задолжуваат од недела на недела. 

    Парите се топат во криминални тендери и во спектакли. Дупката во ПИОМ зема замав. Вториот столб повеќе не е сигурност на работникот, туку резерва од која ВМРО-ОКГ сака да се нахрани – да ги одземе заштедите на граѓаните и да ги претвори во крпење на сопствениот дефицит. 

    Со пензиите си играат, а најранливите ги држат во страв. Класична десничарска банда: крупниот капитал се штити, сиромаштијата се украсува со бројки.

    Ова не е економија. Ова е пропаганда на организирана криминална група која државата ја води како сопствен штанд, статистиката како рекламен постер, а Лотаријата како благајна за журки.

    Пензионерот не живее во кабинетот на арамијата Мицкоски. Пензионерот живее во продавница, во аптека, на сметка за струја и во редици пред шалтер. А таму нема 16 пати ништо – освен повисоки цени. Таму има поскап живот и евтина лага.

    Ако навистина се живее подобро, зошто шефот на бандата мора секој втор ден да го објаснува тоа со калкулатор и фломастер? 

    Луѓето што јадат не им треба предавање. Им треба намалување на цените, не бајка за пензии и диџеи платени од народна каса.

    ВМРО-ОКГ го прави класичниот трик: укради го буџетот, укради ја Лотаријата, потоа укради ја и бројката. 

    Земи ја пензијата како ПР-алатка. Фрли ја вината на СДСМ. Прогласи победа. И барај аплауз затоа што граѓанинот добил парче од тоа што претходно му го зеле.

    Нема 16 пати поголем раст. Има 16 пати поголем цинизам.

    Нема подобар живот од пред три години. Има само режија на лагата.

    Нема трета економија во Европа. Има прва банда на власт.

    СДСМ нема да се расправа со бајките на Мицкоски, ќе ја расчисти маглата, затоа што граѓаните ја знаат вистината. 

    Граѓаните не гладуваат затоа што немале консултант. 

    Гладуваат затоа што ВМРО-ОКГ ја претвори државата во плен, Лотаријата во касичка, а премиерот во раскажувач на бајки.

    Кога арамијата вели дека тече мед и млеко, проверете му ги џебовите. Медот е кај него. Сметката е кај народот, додаваат од партијата.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.