Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Герасимовски: Барам јавно извинување за односот кон советниците и администрацијата на јавната презентација за Барутана
    • Голема акција: МВР тресе на 20 локации -се апси за фалц дозволи
    • Брачен пар пронајден мртов во заклучен стан – Трагедија го потресе регионот
    • Од утре драстична промена на времето – пад на температурите, силен ветер и пороен дожд
    • Татко си го натепал синот и му нанел повреди – Приведен 39-годишен прилепчанец
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Тетовец санкциониран откако возел мотоцикл без возачка дозвола
    • Мицкоски: Правиме напори да поевтини струјата за граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Барам јавно извинување за односот кон советниците и администрацијата на јавната презентација за Барутана

    Герасимовски: Барам јавно извинување за односот кон советниците и администрацијата на јавната презентација за Барутана

    11.09.2026 во 12:353 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар побара јавно извинување од советничката група „Шанса за Центар“ за односот кон претседателката на Советот и општинските служби за време на јавната презентација на Нацрт-Деталниот урбанистички план за градската четврт Ј 05 – Барутана.

    „На јавната дебата имаше поединци кои беа очигледно инфилтрирани со цел да прават театар, да снимаат со мобилни телефони и потоа селективно да пренесуваат само она што им одговара. Затоа, барам јавно извинување од советничката група „Шанса за Центар“ за нивниот навредувачки и нахален однос кон советничката Виолета Велковска и администрацијата која го образложуваше Нацрт-Дупот“, истакна Герасимовски.

    Тој посочи дека со селективното снимање и вадењето делови на диксусијата од контекст, без одговорите на општинските урбанистите се создаде искривена слика за целата презентација, при што, наместо стручната презентација и одговори, во јавноста беа објавени само делови кои одговараат на одредена политичка групација.

    „На јавната презентација имаше стручни лица, имаше администрација која беше таму да објасни што предвидува планот, но наместо аргументирана дискусија имавме напади, навреди и непрофесионален однос“, рече градоначалникот.

    Герасимовски нагласи дека критиката и различното мислење се составен дел од демократската дебата, но дека тоа не може да биде оправдување за навреди и непочитување кон луѓето кои ја претставуваат институцијата.

    „Може да не се согласуваме, може да критикуваме, може да имаме различни ставови. Но не дозволувам навреди и нечовечки однос кон службите и кон советниците. Искрено, граѓаните на Центар не заслужуваат таков однос од која било советничка група“, истакна Герасимовски.

    Во однос на самата постапка за Нацрт-ДУП-от за Барутана, градоначалникот посочи дека јавноста треба да ги знае фактите и да не се доведува во заблуда со неточни тврдења.
    Тој нагласи дека претходниот ДУП е укинат со судска одлука и дека законска обврска на локалната самоуправа е да започне постапка за изработка на нов план.

    „ДУП-от беше укинат и наша обврска како локална самоуправа е да започнеме постапка за нов план. Кога се прави нов план, нацртот доаѓа во Општината и во Градот, при што се вклучени и стручните служби, службите за урбанизам и други надворешни  надлежни институции. Планот не го носи, ниту го образложува  градоначалникот“, појасни Герасимовски.

    „Не дозволувам од ова да се прави политички театар и да се собираат политички поени со лаги и конструкции. Ако некој има забелешки за планот,  слободно нека ги каже. Затоа и ја организиравме јавната дебата, каде граѓаните ќе можат да го слушнат и стручниот дел и да им бидат појаснети сите детали и дилеми, а не да се пласираат неточни информации и да се замајува јавноста со приказни за некакви нови 25 парцели“, рече Герасимовски.

    Прочитај повеќе

    Денеска ќе нема струја до 13 часот – ЕВН најави исклучувања

    11.09.2026 во 10:30

    Стефковски: Доделивме спортска опрема вредна 3 милиони денари на фудбалските клубови

    10.09.2026 во 21:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.