Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја седум часа – ЕВН најави исклучувања во една скопска општина

    08.09.2026 во 11:38

    Силен земјотрес утрово во Охрид и Струга

    08.09.2026 во 06:09

    Мицкоски: Со инвестиција од 2,7 милиони евра модернизиран аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

    08.09.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: За Дејвид Гета и сите настани потрошивме 0 денари
    • Кузманоска: Инвестициите и извозот го забрзуваат економскиот раст, талогот од општеството е несреќен поради тоа
    • Тошковски од Тетово: Намален бројот на сообраќајни жртви благодарение на „Безбеден град“, системот се проширува и во Велес
    • СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма
    • Гори на пет локации во Македонија – ЦУК со најнови детали
    • Судењето за „Државна лотарија“ e одложено
    • Јаневска за лошата рангираност на ПИСА: Ова се резултати од претходните реформи, ефектот од новите ќе се види за 10 години
    • Јаневска: Го повлекуваме предметот сексуално образование
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: За Дејвид Гета и сите настани потрошивме 0 денари

    Мицкоски: За Дејвид Гета и сите настани потрошивме 0 денари

    09.09.2026 во 14:051 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека Македонија имала „историско лето за паметење“ со настапи на голем број светски и домашни музички ѕвезди во повеќе градови низ државата, а тврди дека за организацијата на овие настани не биле потрошени буџетски средства.

    Тој ги посочи настапите во Битола, Струмица и Скопје, караванот „Силно светнал ден“, концертот на Хосе Карерас, како и синоќешниот настап на Дејвид Гета на Градскиот стадион, на кој, според Мицкоски, присуствувале околу 50 илјади луѓе.

    „Покажавме дека како држава знаеме, можеме и умееме да направиме светско, а тоа да се случува тука во Македонија“, рече Мицкоски, заблагодарувајќи им се на граѓаните и на сите што учествувале во организацијата.

    Премиерот се осврна и на критиките и шпекулациите за тоа колку чинеле концертите и останатите манифестации.

    „Имам лоша вест за сите оние кои шпекулираа, негодуваа, клеветеа и пласираа лажни информации. Буџетот сите овие настани го чинат нула денари. Слободно можете да проверите во ‘Отворени финансии’“, изјави Мицкоски.

    Според него, сите настани биле организирани со поддршка на општествено одговорни компании, без трошење државни пари.

    „Потрошени се нула денари буџетски средства за организација на сите овие настани, а сепак имавме незаборавно лето“, додаде премиерот.

    Прочитај повеќе

    Кузманоска: Инвестициите и извозот го забрзуваат економскиот раст, талогот од општеството е несреќен поради тоа

    09.09.2026 во 13:50

    Тошковски од Тетово: Намален бројот на сообраќајни жртви благодарение на „Безбеден град“, системот се проширува и во Велес

    09.09.2026 во 13:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.