Close Menu
Press24
    Најново

    Трчајте на бензинска, РКЕ одлучи: поскапуваат нафтата и бензинот

    07.09.2026 во 12:49

    Нови цени на горивата од полноќ

    07.09.2026 во 08:58

    Силен земјотрес утрово во Охрид и Струга

    08.09.2026 во 06:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ со честитка за 8 Септември: Независноста е одговорност и аманет за идните генерации
    • Времето денеска сончево и топло со температури до 36 степени, од утре попладне можно невреме со град
    • Македонец од Радуша убиен во Берлин
    • Сиљановска: Секое иселување кине нишка во македонското ткиво
    • Денеска топло со малку ветре – од утре доаѓа дожд
    • Најважните датуми во 35 годишната историја на Македонија
    • Силен земјотрес утрово во Охрид и Струга
    • Вечерва Собранието во боите на Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ со честитка за 8 Септември: Независноста е одговорност и аманет за идните генерации

    ВМРО-ДПМНЕ со честитка за 8 Септември: Независноста е одговорност и аманет за идните генерации

    08.09.2026 во 10:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    – Честит 8-ми Септември, 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија, држава која и денес е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации – се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ, по повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија. 

    „ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

    Пред 35 години не обедини сонот за слободна и независна Македонија. Македонскиот народ покажа дека има храброст да чекори по својот пат, со крената глава и со вера во сопствената иднина. Нека и денес не обединува љубовта кон Македонија.

    Независноста е чувство на припадност, љубов кон татковината и одговорност кон иднината. Таа е обврска да го зачуваме она што ни е оставено и со достоинство да го предадеме на генерациите што доаѓаат.

    Македонскиот јазик, македонската песна и македонската традиција се дел од приказната што се раскажува низ векови. Македонското знаме е симбол во кој се вткаени нашата историја, нашите корени, спомените на генерациите пред нас и надежите на генерациите што допрва ќе дојдат.

    Македонија е наш дом, наш корен и дел од секој од нас. Да ја сакаме, да ја чуваме и со дела да придонесуваме за нејзината иднина.

    Нека Македонија биде земја во која младите ќе остануваат затоа што тука го гледаат својот сон. Земја во која секое семејство ќе има причина да верува во подобро утре.

    Да ја чуваме Македонија со љубов, да ја градиме со дела и да ја оставиме посилна на оние што доаѓаат по нас.

    Нека е честит 8-ми Септември, денот на независноста!“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Пчеларите од Кичевско се жалат: Бараат власта да ги исплати субвенциите за презимени пчелни семејства за 2025

    07.09.2026 во 18:46

    (ВИДЕО) Наумоски: ВМРО ОКГ направи пустош во секоја земјоделска гранка, пчеларството пред колапс

    07.09.2026 во 18:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.