Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    07.09.2026 во 08:58

    Утре ќе нема струја до 14 часот – ЕВН најави исклучувања во две скопски општини

    06.09.2026 во 15:55

    Цената на нафтата драстично скокна – колку ќе поскапат горивата во Македонија

    06.09.2026 во 12:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Осуденик пронајден починат во затворот „Идризово“ – телото предадено на обдукција
    • Страшна трагедија ја потресе Македонија – Загина тинејџерка во сообраќајка
    • 72-годишник тешко повреден по пад со четирицикл кај селото Куратица
    • Кавадарчанец со речиси 3 промили алкохол ја нападнал сопругата и малолетната ќерка
    • Инкасатор од Свети Николе затаил над 80.000 денари од сметки за погребални услуги
    • Кузманоска: Македонија треба да врати речиси 8 милијарди евра задолжувања од времето на СДСМ и ДУИ
    • Манасков: Околу 250 деца со попреченост ја започнаа учебната година без образовни асистенти
    • Нов систем EES во Шенген зоната: Како се пресметува правилото за престој од 90 дена
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Владата му донираше 5 комунални возила на Куманово, Николоски најави и електрични автобуси

    (ФОТО) Владата му донираше 5 комунални возила на Куманово, Николоски најави и електрични автобуси

    07.09.2026 во 11:192 Mins Read
    ФОТО: Министерство за транспорт
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Куманово добива 5 специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена низ градот, донација од Владата за поддршка на општината. За брзо време ќе се донираат и новите електрични автобуси, истакна денеска во Куманово заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

    Тој денеска изврши примопредавање на возилата на градоналачникот на Куманово, Максим Димитриевски. 

     “ Министерството за транспорт во соработка со Светска банка направи една поголема набавка на комунални возила, односно најголема којашто општините ја виделе како директна донација во изминатиот период. Дел од таа набавка и дел од таа донација доаѓа во Општина Куманово. Не затоа што сум тука, но после Скопје најмногу возила добива токму Општина Куманово и мислам дека е така правилно, затоа што се работи за најголемата општина на територија на државата. Тука имаме две мултифункционални возила за одржување на хигиена со соодветен механизам којшто можевте и да го видите, којшто доста ќе помогне во подигнување на сметот. Понатаму имаме еден камион прскалка којшто ќе овозможи да имаме почисти улици, да се перат улиците, но исто така има можност да носи и техничка вода во кризни ситуации или во ситуации кога има недостаток на вода или прекин со водоснабдување. И секако, тука се две возила за метење на улици коишто ќе помогнат покрај да имаме чисти улици, да имаме и чисти тротоари, чисти плоштади и чисти отворени површини” – изјави Николоски.

    Тој додаде дека Владата продолжува со  поддршката за општина Куманово, која што во изминатиот период беше интензивна. Најави пристигнување на електричните автобуси за Куманово.

    Знаете дека имавме два повици за поддршка на општините. Во првиот повик се обезбедени околу 242 милиони денари, во вториот повик около 328. Дополнително на тоа, преку буџетот на Министерството за транспорт имаме некаде околу 1 милион евра кои што се инвестираат во изградба на мост, инвестираме во изградба на капела, како и во изградба на локални улици во проект со Светска банка и ќе продолжиме тоа да го правиме во следниот период. Би сакал да најавам исто така дека во следниот период ќе пристигнат и електричните автобуси во Куманово, така што се обидуваме да помогнеме секаде наму каде што можеме”- истакна Николоски.

    Прочитај повеќе

    Осуденик пронајден починат во затворот „Идризово“ – телото предадено на обдукција

    07.09.2026 во 12:22

    Страшна трагедија ја потресе Македонија – Загина тинејџерка во сообраќајка

    07.09.2026 во 12:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.