Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    07.09.2026 во 08:58

    Цената на нафтата драстично скокна – колку ќе поскапат горивата во Македонија

    06.09.2026 во 12:40

    Утре ќе нема струја до 14 часот – ЕВН најави исклучувања во две скопски општини

    06.09.2026 во 15:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нов систем EES во Шенген зоната: Како се пресметува правилото за престој од 90 дена
    • ДТИРЗ: Приливот на странски директни инвестиции достигна 1,381 милијарди евра
    • Стојаноски направи споредба на економскиот раст: ВМРО-ДПМНЕ со 3,5% наспроти 1,9% на СДСМ
    • (ФОТО) Владата му донираше 5 комунални возила на Куманово, Николоски најави и електрични автобуси
    • Ограбена црквата „Св. Никола“ во охридско Велгошти
    • Кузеска: Јанушев е дел од систем во кој и возачи земаат мито, истрагата мора да се прошири
    • (ФОТО) Сообраќајка кај Соборниот храм во Скопје: Едно лице е повредено, сообраќајот се одвива отежнато
    • ГАЛЕРИЈА: Стадионот подготвен за Дејвид Гета
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: Јанушев е дел од систем во кој и возачи земаат мито, истрагата мора да се прошири

    Кузеска: Јанушев е дел од систем во кој и возачи земаат мито, истрагата мора да се прошири

    07.09.2026 во 11:143 Mins Read
    ФОТО: СДСМ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Опозицискиот СДСМ преку прес-конференција на портпаролката Богданка Кузеска побара проширување на истрагата за случајот со митото, во кој е умешан возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.

    Кузеска истакна дека возачот бил фатен со обележани евра откако барал мито за да среди вработување во Противпожарната бригада на Град Скопје, сомневајќи се дека зад целата постапка стојат повисоки функционери.

    „Возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е фатен со обележани евра. Барал мито- поткуп за да ‘среди’ вработување како пожарникар во Противпожарната бригада на Град Скопје. Сега Јанушев сега оградува. Како што се оградува Томовски дека татко му не му е татко. Само оградувања а рацете во медот на сите страни. Оваа организирана криминална група нема граници. Пипалата на овој октопод почнуваат од возачите, преку директорите на претпријатија, министрите, па сè до претседателот на Владата“, изјави Кузеска.

    Портпаролката на СДСМ посочи на сомнежите околу улогата на генералниот секретар во случајот.

    „Овој скандал отвора едно клучно прашање: каква била улогата на Јанушев во овој случај со мито? Дали возачот е само негова продолжена рака и посредник? Возач нема никаква моќ да вработува. Но генерален секретар на Влада, како Игор Јанушев, кој воедно е член и на Извршниот комитет на ВМРО ОКГ има“, рече таа.

    Од СДСМ потсетија и на претходни афери поврзани со кабинетот на генералниот секретар, како и на непријавен имот и бизнис-врски во странство.

    „Ова е втор скандал оваа година поврзан со кабинетот на Јанушев. Посебен советник за економски прашања во кабинетот на Генералниот секретар на Владата беше дел од групата осомничени за лихварство и за перење пари. Премногу скандали се врзани со Јанушев. Според документи од Бугарија, Јанушев, е поврзан со компанијата ‘ФЛУГБАН ТРАНС’ ДОО со седиште во Ќустендил, Бугарија. Дејност: патен линиски превоз на стока. Управител Кире Гешоски, трет партнер Сашо Апостоловски – сите од кругот на Мицкоски. Фирмата пријавува годишен промет од околу 320.000 евра. Ама никаде не ја пријавил. Јанушев има бугарски пасош, бугарско државјанство, а во ниту еден анкетен лист до ДКСК не го пријавил бугарскиот капитал“, додаде Кузеска.

    Таа ги спомена и прашањата за стекнувањето имот во центарот на Скопје и договорите на „Маратон груп“.

    „Понатаму – скандалот со поклонетиот имот вреден 325.000 евра во најстрогиот центар на Скопје. Во истата зграда имот има и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Како се поврзани подарокот на Јанушев и имотот на Тошковски? Каков заеднички бизнис кријат? Огромен е и скандалот со милионските договори на ‘Маратон груп’ тежок 1,5 милиони евра и мрежата на фирми кои ги објави АКТ на СДСМ. Скандал со скандал. Сите поврзани со Јанушев. На Јанушев ниту портпаролката повеќе не може да му помогне да се испере. Ова е систем. Јанушев е дел од системот на Мицкоски. Ова е Организирана криминална група која ја зароби државата“, истакна Кузеска.

    На крајот од прес-конференцијата, од опозициската партија побараа институциите да ги истражат сите наводи.

    „СДСМ бара целосна истрага – не само за возачот, туку и за улогата на неговиот шеф, Јанушев. Истрагата мора да се прошири и за фирмата во Бугарија, за поклонетиот имот и за целата мрежа околу Владата на Мицкоски. Граѓаните заслужуваат одговори. Одговорност мора да има“, заклучи портпаролката на СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски направи споредба на економскиот раст: ВМРО-ДПМНЕ со 3,5% наспроти 1,9% на СДСМ

    07.09.2026 во 11:24

    Силјановска-Давкова: Држава не се гради само со избори, туку со функционални институции

    07.09.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.