Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузманоска: Македонската економија бележи забрзан раст од 4,3 проценти во вториот квартал

    Кузманоска: Македонската економија бележи забрзан раст од 4,3 проценти во вториот квартал

    05.09.2026 во 13:143 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Реалниот економски раст во вториот квартал од 2026 година достигна 4,3 проценти, соопштија денеска од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

    На денешната прес-конференција, пратеничката Биљана Кузманоска ги презентираше најновите економски показатели и направи споредба со претходниот период.

    „Македонската економија расте забрзано. Најновите податоци покажуваат дека во вториот квартал од 2026 година реалниот економски раст достигна 4,3 проценти. Ова е важна бројка, но уште поважно е што таа не доаѓа сама и не е резултат на само еден добар квартал. Кога ја презедовме одговорноста за водење на државата во јуни 2024 година, зад нас остануваше период во кој македонската економија предолго се движеше со недоволно темпо“, истакна Кузманоска.

    Таа ги спореди сегашните бројки со оние од почетокот на 2024 година.

    „Во првиот квартал од 2024 година растот изнесуваше само 1,6 проценти. Денес, две години подоцна, зборуваме за раст од 4,3 проценти. Тоа е сериозна промена во економската динамика, и тука би сакала да објаснам нешто многу едноставно. Не е важно само колкав е растот. Важно е од каде доаѓа растот. А бројките покажуваат дека денешниот раст има широка основа“, посочи пратеничката.

    Според изнесените податоци, најголем скок е забележан во инвестициите, извозот и градежништвото.

    „Инвестициите во вториот квартал реално растат за 16,5 проценти. Извозот на стоки и услуги е зголемен за 10,4 проценти. Градежништвото бележи раст од дури 21,9 проценти. Раст има и во преработувачката индустрија, во трговијата, транспортот, угостителството и информациско-комуникацискиот сектор. Тоа значи повеќе економска активност, повеќе работа за компаниите и поголем простор за нови инвестиции и нови работни места“, вели Кузманоска.

    Од ВМРО-ДПМНЕ нагласија дека паралелно со растот на економијата се забележува и стабилизација на цените.

    „И има уште еден многу важен податок. Додека економскиот раст забрзува, инфлацијата се намалува и таа денес е 2,3%. Почитувани граѓани, Ние работиме за тоа економскиот раст да се почувствува во семејниот буџет, во платите, во новите работни места, во компаниите и во животниот стандард на граѓаните“, истакна таа.

    На крајот, Кузманоска порача дека економските мерки и поддршката за приватниот сектор ќе продолжат.

    „Но за да стигнеме таму, економијата прво мора да расте, а денес таа расте и забрзува. Затоа ќе продолжиме со поддршка на инвестициите и приватниот сектор, реализација на капиталните проекти и создавање стабилно и предвидливо економско окружување. Од економија која растеше со 1,6 проценти на почетокот на 2024 година, денес имаме економија со раст од 4,3 проценти. Тоа е промената и тоа е трендот што мора да продолжи. И наша обврска е тој раст да го претвориме во подобар животен стандард за македонските граѓани“, заклучи Кузманоска.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.