Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Максималната температура во земјава ќе се движи во интервал од 29 до 36 степени Целзиусови.
Во Скопје и околината се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната температура ќе достигне до 35 степени.

