Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) објави итно предупредување за силно невреме кое захвати повеќе региони во западна и централна Македонија.
Според последните метеоролошки информации, невреме следено со засилен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град е регистрирано западно од Македонски Брод, а облачната маса се движи директно кон градот.
Атмосферска нестабилност со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и град претходно беше забележана и во регионот северно од Кичево.
Пороен дожд и грмежи во моментов има во Дебар, Неготино и на подрачјето западно од Гостивар, како и југозападно од Дебар.
Од УХМР апелираат на зголемена претпазливост во погодените подрачја поради можноста од локални поројни поплави и силни ветерни удари.

