Close Menu
Press24
    Најново

    По продолжениот викенд ни доаѓа уште еден празник – Наскоро ќе одмориме, уште 4 неработни денови годинава

    31.08.2026 во 08:26

    Утрото навестува пеколен ден, температурите во 8 часот низ Македонија – Попладне невреме

    31.08.2026 во 08:18

    Бугарски играрии: Таткото осуден на 12 години затвор на ТВ во Бугарија ја брани ќерка му на која и се суди за сообраќајка во Кочани

    01.09.2026 во 14:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) Сафари возило полно со туристи слета во река полна со крокодили
    • Ескалација на воениот конфликт: Американски напади врз цели во Иран, Техеран возвраќа со ракети и дронови
    • „Беше љубоморен, ѝ се закануваше и ја прогонуваше“: Пожарникар ја избоде поранешната девојка на нејзиното работно место
    • Зеленски ги предупреди авиокомпаниите: Деновите на безбедност на руското небо се завршени
    • Ограбен објект во изградба во Центар
    • Запалена врата од стан во Кисела Вода, приведен 50-годишен скопјанец
    • Вознемирена скопјанка се јавила во полиција: Мојот малолетен син е претепан од четири лица на автобуска постојка
    • Заземал плажа под заштита на УНЕСКО за да гради импровизиран мост: Кривична пријава за 47-годишник од Пештани
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Сафари возило полно со туристи слета во река полна со крокодили

    (ВИДЕО) Сафари возило полно со туристи слета во река полна со крокодили

    01.09.2026 во 22:122 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Возило за сафари полно со швајцарски туристи излета во реката Мара во Националниот парк Серенгети во Танзанија, позната по тоа што е населена со крокодили.

    Инцидентот се случил во неделата попладне додека туристите ја посматрале Големата миграција. Настанот бил снимен од набљудувачи од друго возило, а на видеозаписот се гледа како џипот се движи со голема брзина по непристапен терен пред да се лизне.

    При лизгањето, една жена паднала од возилото на само неколку метри од крокодилите и стадата гну. Возилото потоа неконтролирано продолжило кон калливата река и слетало директно во водата, исфрлајќи уште неколку патници.

    Управата за национални паркови на Танзанија (TANAPA) соопшти дека во возилото се наоѓале четворица швајцарски туристи и возачот, и потврди дека сите поминале без повреди и успеале безбедно да излезат од реката.

    По инцидентот, од TANAPA упатија предупредување до сите учесници во сафари турите.

    Ги потсетуваме сите возачи, посетители и туристички оператори строго да се придржуваат до законите, прописите и процедурите што го регулираат преминувањето на реките. Секој мора да ги следи упатствата на надзорниците на премините и да покаже максимална претпазливост за да ги заштити човечките животи и имотот, со минимално нарушување на дивиот свет – се вели во нивното соопштение.

    Според информациите од очевидци, до несреќата дошло поради брзањето на водичот да им обезбеди подобра позиција на туристите за посматрање на животните.

    Како што пренесува локалниот медиум „Танзанија Тајмс“, возачите често се тркаат за да заземат подобар агол кон реката Мара, каде што преминувањето на милионите гнуа претставува еден од најризичните и најдраматичните делови од целогодишната Голема миграција низ Серенгети.

    30 Aug 2026 | Kogatende, Serengeti
    A safari Land Cruiser from Nature Responsible Safari went into the Mara River while racing for a wildebeest crossing. The river is full of Nile crocodiles.
    Four Swiss tourists and their Tanzanian driver got out and were pulled to safety. No… pic.twitter.com/q44q1h8ytQ

    — Seetharaman K C 🇮🇳 (@seetharamankc) September 1, 2026
    Прочитај повеќе

    Ескалација на воениот конфликт: Американски напади врз цели во Иран, Техеран возвраќа со ракети и дронови

    01.09.2026 во 22:06

    „Беше љубоморен, ѝ се закануваше и ја прогонуваше“: Пожарникар ја избоде поранешната девојка на нејзиното работно место

    01.09.2026 во 21:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.