Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Се пребарува реката Вардар по пријава за исчезнато лице
    • Спречен шверц на Богородица: Возач на автобус се обидел да прокриумчари лекови за малигни заболувања во кутија за прва помош
    • Хасан: Во Општина Центар има околу 3.000 нерешени пријави од граѓани
    • Сабајле ќе снема струја во 9 часот – Најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Трагедија ја потресе Македонија: 38-годишник почина од струен удар
    • Ѓорѓиевски: Да ги слушнеме младите и да им дадеме вистински простор да учествуваат во одлуките
    • Клековски се сретна со новиот турски амбасадор Акташ: Се подготвува Меморандум за соработка во здравството
    • И ова е можно: Стружанец успеал да исече 175 кубици дрва во државна сопственост
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата

    Стојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата

    26.08.2026 во 12:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, која ќе важи до 30 септември годинава, со цел да се олесни семејниот буџет пред почетокот на новата учебна година.

    На денешната прес-конференција, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, информираше дека со оваа мерка трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10 проценти, додека трговците на мало ќе мора да обезбедат намалување од најмалку 15 проценти.

    „Ова е конкретна и директна поддршка за семејствата во период кога родителите имаат зголемени трошоци за подготовка на своите деца за новата учебна година. За семејствата со повеќе од еден ученик ова ќе значителна помош и заштеда на семејните буџети“, изјави Стојаноски.

    Според соопштеното, мерката опфаќа ранци, ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи, пенкала, боици, пластелини, фломастери, линијари и дидактички материјали.

    Трета година по ред се воведува „училишна кошничка“

    Пратеникот посочи дека ова е трета година по ред како се воведува оваа мерка за намалување на трошоците во септември.

    „Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е јасна. Родителите да можат да го обезбедат потребниот училишен прибор за своите деца по пониски и попристапни цени. Ова е трета година по ред каде што пред почетокот на учебната година Владата воведува училишна кошничка со единствена цел да им го олесни месец септември на родителите и семејствата, да ги заштеди семејните буџети и да го заштити животниот стандард на граѓаните“, нагласи тој.

    Стојаноски додаде дека почетокот на учебната година треба да биде период без дополнителен стрес за семејствата.

    „Септември и почетокот на учебната година треба да биде момент на среќа и убаво расположение како на учениците што се враќаат во училишните клупи, така и за родителите кои треба да ги подготват своите деца со сите потребни материјали за на училиште, а не моменти на грижа и на стрес како да се намерат трошоците. Токму затоа Владата продолжува со политики кои носат конкретна корист за граѓаните и директно придонесуваат за заштита на животниот стандард“, заклучи тој.

    Прочитај повеќе

    Хасан: Во Општина Центар има околу 3.000 нерешени пријави од граѓани

    21.10.2026 во 13:33

    Манасиевски: Филипче го снема од медиумскиот простор

    21.10.2026 во 11:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.