Close Menu
Press24
    Најново

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    ФОТО: Млада трудница убиена, сопругот се бори за живот – Ги изрешетале во спалната соба, огромна трагедија го потресе регионот

    24.08.2026 во 11:07

    28 нови директни авиолинии од македонските аеродроми

    23.08.2026 во 12:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
    • УХМР предупредува: Подгответе се за невреме
    • Пријавен полицаец: Возел без возачка дозвола и со поголема брзина од дозволената
    • Започна реконструкција на водоводната мреа на ул. „Маркс и Енгелс“
    • Маж на 71 година во Охрид попрскал со бензин момче од 23 години и сакал да го запали
    • Густ чад го покри Скопје
    • Шасивари – Бримора: Продолжува поддршката за реформите во правосудството и владеењето на правото
    • Кривична пријава за вработен во тетовската болница: Нападнал и турнал своја колешка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

    МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

    24.08.2026 во 18:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи при вчерашната акциска контрола на територијата на целата држава констатирал 140 прекршоци и осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли. Акцијата е спроведена во периодот од 17:00 до 22:00 часот.

    Како што информираат од МВР, од сите 140 констатирани прекршоци, 102 се однесуваат на управување без задолжително носење заштитен шлем – кацига. Констатирани се и двајца возачи кои управувале под дејство на алкохол.

    Од МВР посочуваат дека од вкупниот број прекршоци, 33 се на територијата на СВР Струмица, 17 во надлежност на СВР Тетово и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, 15 во СВР Куманово, по 13 во СВР Битола и СВР Охрид, 12 во СВР Велес, 11 во СВР Скопје и девет во СВР Штип.

    Соопштуваат дека за констатираните прекршоци преземени се соодветни мерки и санкции согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, додека за осум возачи се поднесени кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик.

    Дополнително, при контролата биле констатирани и 156 прекршоци од друг вид.

    Министерството за внатрешни работи најавува дека ќе продолжува со засилените сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

    Апелираат до возачите на мотоцикли, мопеди и другите видови возила да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително да користат заштитна опрема и да не управуваат под дејство на алкохол. 

    Прочитај повеќе

    Пријавен полицаец: Возел без возачка дозвола и со поголема брзина од дозволената

    24.08.2026 во 17:47

    Маж на 71 година во Охрид попрскал со бензин момче од 23 години и сакал да го запали

    24.08.2026 во 17:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.