Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова се обрати на Амбасадорскиот совет

    Сиљановска-Давкова се обрати на Амбасадорскиот совет

    20.08.2026 во 21:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Скопје се обрати на Амбасадорскиот совет.

    Според неа, во новата мултиполарна реалност мора да ја зајакнеме проактивната дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас. Таа потсети дека во време на слаб мултилатерализам и растечка мултиполарност, нужни се институционални реформи на меѓународните, но и европските структури заради превенција, или брз одговор на безбедносните закани, но и домашно адаптирање на новите предизвици.

    Сиљановска-Давкова укажа дека европската интеграција веќе не е само политички, туку и стратешки, економски, енергетски, геополитички, безбедносен и демографски императив, подеднакво за кандидатите и членките.

    Таа инсистира на предвидлив и кредибилен преговарачки процес, ослободен од билатерални условувања.

    Говорејќи за улогата на дипломатската мрежа, Сиљановска-Давкова укажа дека амбасадорите се сликата за државата во регионалното, европското и светско огледало, па нивната стручност, компетентност, познавања за земјата-домаќин и способност да ги застапуваат националните интереси се суштински за кредибилитетот на македонската дипломатија.

    Според претседателката, дипломатската професија бара знаење, искуство и континуирано следење на политичките, економските и општествените процеси во земјата домаќин, но и пошироко.

    За неа, амбасадорот не е само претставник кој ги застапува политиките на државата, туку и човек кој треба да го разбира светот на домаќинот, да ги препознава промените, да ги детектира ризиците, но и да создава можности за политичка, економска, научна и културна соработка.

    Претседателката ја нагласи потребата од двонасочна и суштинска комуникација меѓу дипломатско-конзуларните претставници со МНРиНТ и Претседателот. Таа бара да заживее законската одредба низ собраниска пракса со која што, амбасадорите ќе се обраќаат пред надлежната собраниска комисија не само пред заминувањето, туку и по враќањето, презентирајќи ги постигнатите резултати.

    Таа посочи дека создавањето услови младите да останат дома е многу важно и повика на реални врски со оние кои живеат и работат надвор, но и градење амбиент за враќање.

    Сиљановска-Давкова исто така укажа на потребата од посилна економска, научна, технолошка и културна дипломатија, како и од поцврсто поврзување со дијаспората, како значаен човечки и интелектуален капитал.

    Сиљановска-Давкова оцени дека во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, дипломатија што не е само гласник на државната политика, туку нејзин компетентен инструмент, способен да го застапува националниот интерес со знаење и достоинство

    Прочитај повеќе

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22

    Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани

    22.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.