УХМР ги измери темепратуреите во 11 часот во градовите низ Македонија. Мерните станици покажаа најниска температура на Попова Шапка од 21 степени.
УХМР измери 32 степени во Штип, Демир Капија и гевгелија, а тоа е највисоката температура во 11 часот.
Во Скопје се измерени 31 степени.
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој повремено ќе засилува долж Повардарието.
Минималните температури ќе се движат од 13 до 21 степен, додека максималните ќе достигнат од 33 до 39 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19 степени, а максималната дневна ќе достигне 38 степени.
И во наредниот период продолжува топлото време, но за време на викендот се очекува промена на временската состојба. На места ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а изолирано се можни и невремиња со силен ветер и град.
Температурите и понатаму ќе бидат високи, а наместа дневната температура се очекува да надмине и 40 степени.

