Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во близина на минхенскиот аеродром забележана дива мачка за која се сомнева дека е пума
    • Разбиен синџир за шверц со мачки – Украдени илјадници миленици за месо во Виетнам
    • Најстудено вечерва во Берово – Погледнете ги измерените температури во 23 часот
    • СЗО бара официјални информации од Русија: Истрага за смртта на научничка во Иркутск по сомневањата за белодробна чума
    • Во петок можни се пречки во мрежите и ГПС – се очекува умерена геомагнетна бура од категорија G2
    • Инцидент во рудникот „Трепча“: 63 рудари останаа заглавени под земја
    • Танкер погоден од повеќе ракети во близина на Катар – има жртви
    • Татко случајно ја усмрти тригодишната ќерка со земјоделска машина во сопствениот двор – Трагедија во Албанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонската дипломатска мрежа на едно место: Почнува Амбасадорскиот совет

    Македонската дипломатска мрежа на едно место: Почнува Амбасадорскиот совет

    20.08.2026 во 08:122 Mins Read
    МНРиНТ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Амбасадорскиот совет, на кој ќе учествуваат шефовите на македонските дипломатско-конзуларни претставништва во странство, денеска и утре ќе се одржи во Скопје.

    Советот по пауза од неколку години повторно се организира во земјава со физичко присуство на македонските амбасадори и генерални конзули. Последен пат ваков собир во земјава се одржал во 2019 година.

    На отворањето свои обраќања ќе имаат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и чешкиот министер за надворешни работи Петр Мацинка, кој е во официјална посета на Северна Македонија.

    Во рамки на дводневниот состанок ќе се разговара за европската и евро-атлантската агенда, актуелните геополитички и безбедносни предизвици, регионалната стабилност, институционалната отпорност, економската дипломатија и конзуларното работење.

    Особено внимание ќе биде посветено на економската дипломатија, при што од македонските дипломатско-конзуларни претставништва се очекува поголем ангажман во привлекувањето инвестиции, поддршката на извозот и отворањето нови деловни можности за македонските компании.

    На дневен ред се и модернизацијата и дигитализацијата на конзуларните услуги, унапредувањето на институционалната координација и комуникацијата со македонската дијаспора.

    Амбасадорите и генералните конзули ќе имаат и средби со претседателката на државата, премиерот и претседателот на Собранието.

    Министерот Муцунски најави дека целта на Советот е да се направи пресек на досегашната работа, да се усогласат ставовите и да се утврдат конкретни задачи за дипломатската мрежа во периодот што следува.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Најстудено вечерва во Берово – Погледнете ги измерените температури во 23 часот

    07.10.2026 во 23:30

    Филипче: Новата платформа на поранешни функционери е проект на Мицкоски за раситнување на опозицијата

    07.10.2026 во 22:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.