Поради планирани интервенции на дистрибутивната електромрежа, дел од корисниците во Скопје денеска ќе останат без електрична енергија, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.
Без струја од 08:30 до 13:00 часот ќе бидат корисниците на улицата „Христо Татарчев“, во близина на автопералната, во Општина Сопиште.
Во Општина Ѓорче Петров, прекин на електроснабдувањето ќе има од 11:30 до 14:30 часот на улицата „Александар Мартулков“.

