Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%

    Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%

    06.10.2026 во 12:153 Mins Read
    ФОТО: Генерирана со AI
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Значително забавување на економските активности се очекува во регионот на Европа и Централна Азија во текот на 2026 година, при што стапката на раст се проценува дека ќе се спушти на 2,2 проценти, за разлика од остварените 2,6 проценти во 2025 година, објави Светска банка. Оттаму сепак велат дека за Западниот Балкан се проектира благ скок на еконсмскиот раст на 3,1 процент. Најдинамичен регион, сепак, е Централна Азија каде се очекува раст од 5,8 проценти.

    Повисоките цени на енергенсите, зголемената глобална неизвесност и ослабената економска динамика кај главните трговски партнери ги притискаат регионалните економии, се наведува во најновиот извештај на Светската банка објавен денеска.

    И покрај неповолните надворешни влијанија и негативните ризици на пазарот, меѓународните стручњаци посочуваат дека масовната примена на новите технологии и вештачката интелигенција може да послужи како главен мотор за подигнување на продуктивноста и ублажување на негативните демографски трендови.

    Во врска со општите економски движења и регионалните показатели, во извештајот онусловен „Како да се искористи потенцијалот на вештачката интелигенција: работни места, претпријатија и продуктивност“, од Светската банка изнесуваат прецизни податоци:

    „Светската банка објави дека со исклучок на Русија, која сочинува околу 40 проценти од регионалната економија, се очекува стапката на раст да се намали на три проценти во 2026 година, во споредба со 3,7 проценти во 2025 година. Исто така, нарушените движења на глобалниот пазар на суровини имаа помало влијание врз економскиот раст отколку што првично се очекуваше.“

    И покрај забавувањето на регионално ниво, одделни подрегиони покажуваат знаци на стабилност благодарение на силната домашна побарувачка, порастот на реалните плати, туризмот и дознаките од странство. За Западен Балкан се проектира благ скок на економскиот раст на 3,1 процент во 2026 година (во споредба со 2,6% во 2025), додека Централна Азија останува најдинамичен подрегион со раст од 5,8 проценти.

    Осврнувајќи се на мерките за ублажување на кризата и важноста од подготвеност за технолошките промени, потпретседателката на Светската банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, истакна:

    „Економиите во развој во регионот продолжуваат да покажуваат отпорност поради намалената енергетска интензивност, дополнителните владини мерки и силната домашна побарувачка. Со цел да се зголеми конкурентноста и да се помогне во надминувањето на ефектите од намалувањето на бројот на работоспособно население, земјите од регионот можат да го искористат потенцијалот на вештачката интелигенција преку зајакнување на основните образовни и управувачки вештини на вработените, а воедно да ги подготват институциите на пазарот на трудот и социјалната заштита за овие деструктивни промени.“

    Според извештајот, главните негативни ризици кои можат дополнително да го забават растот го вклучуваат продолжувањето на воените дејствија во Украина (каде растот ќе забави на 1,2%), нови трговски бариери, раст на цените на транспортот и ѓубривата, како и забавувањето на индустриското производство во ЕУ, особено во автомобилскиот сектор.

    Прочитај повеќе

    Од понеделник нови броеви на банкарските сметки на сите граѓани – се што треба да знаете

    28.10.2026 во 10:41

    Лоши вести: Цената на нафтата расте

    28.10.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.