Close Menu
Press24
    Најново

    Успешна акција на Халкидики: Ставен под контрола пожарот кај Сивири, спасени 481 лице

    13.08.2026 во 20:43

    (ВИДЕО) Огнен пекол низ Македонија: Над 30 активни пожари, критично во Чашка кај селото Богомила

    13.08.2026 во 20:05

    (ВИДЕО) Влечи Трајче: Аларматно кај село Лознани во битолско – првите куќи во опасност поради голем пожар

    13.08.2026 во 19:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Успешна акција на Халкидики: Ставен под контрола пожарот кај Сивири, спасени 481 лице
    • (ВИДЕО) Огнен пекол низ Македонија: Над 30 активни пожари, критично во Чашка кај селото Богомила
    • (ВИДЕО) Влечи Трајче: Аларматно кај село Лознани во битолско – првите куќи во опасност поради голем пожар
    • 13 лица повикани на информативен разговор во МВР по дезинформацијата дека водата во Скопје е загадена
    • Турската централна банка ги ревидираше очекувањата: Инфлацијата во 2026 година ќе достигне 28 проценти
    • Со скутери на вода и бродови – масовна евакуација на Халкидики
    • Важно за сите што патуваат на Халкидики – oд петок се воведуваат ограничувања
    • Три авиони и еден хеликоптер интервенираат над Габер: Сите сили насочени кој овој критичен пожар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Успешна акција на Халкидики: Ставен под контрола пожарот кај Сивири, спасени 481 лице

    Успешна акција на Халкидики: Ставен под контрола пожарот кај Сивири, спасени 481 лице

    13.08.2026 во 20:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пожарот што избувна во туристичкото место Сивири на првиот крак на Халкидики предизвика голема евакуација на жители и туристи, при што крајбрежната стража и други пловни објекти спасуваа луѓе директно од плажите.

    Пожарот во меѓувреме е ставен под контрола, но силниот ветер значително го отежнуваше неговото гаснење. Во огнената стихија евидентирана е материјална штета на куќи, како и на објекти од биолошкиот третман во подрачјето.

    Масовна поморска спасувачка операција

    Во големата спасувачка операција од плажата во Сивири биле спасени вкупно 481 лице. Во акцијата учествувале два брода на крајбрежната стража, два брода на противпожарната служба, три рибарски бродови, приватни пловила и еден глисер.

    Од спасените лица, 285 биле транспортирани во Сани, додека 196 лица се качиле на бродот „Спидрунер Џет“, со кој биле безбедно пренесени до пристаништето во Солун. Во загрозената област и понатаму остануваат три брода на крајбрежната стража, два брода на противпожарната служба и приватни пловли како превентива. За време на тешките интервенции, полесно биле повредени двајца пожарникари.

    Хотелиерите нудат итно сместување

    Во меѓувреме, хотелиерите од Халкидики и Солун излегоа во пресрет и понудиле соби за лицата погодени од пожарот.

    Во соработка со Министерството за туризам и Министерството за цивилна заштита, активирана е специјалната платформа на Грчката хотелска комора преку која се обезбедува привремено сместување. Претседателот на Здружението на хотелиери на Халкидики ги повикал своите колеги масовно да ги пријават слободните соби со цел да им се обезбеди сигурен прифат на сите евакуирани граѓани и туристи.

    Прочитај повеќе

    Турската централна банка ги ревидираше очекувањата: Инфлацијата во 2026 година ќе достигне 28 проценти

    13.08.2026 во 19:30

    Со скутери на вода и бродови – масовна евакуација на Халкидики

    13.08.2026 во 19:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.