Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор

    Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор

    06.10.2026 во 15:513 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавниот обвинител Љубомир Лапе побара доживотна казна за Трајче Бојковски за четири убиства и за два обиди за убиства на денешните завршни зборови во судскиот процес. 

    Лапе рече дека Трајчекако овчар, наместо да ги штити немоќните, бил нивен предатор. Жртвите, како што додае, ги избирал исклучиво меѓу постари и немоќни жени, ги напаѓал додека биле сами, а четири од нив ги лишил од живот.

    -Доказите неспорно покажуваат дека Станче Каревска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска биле убиени на ист начин, со давење и притисок врз градниот кош. Кај дел од нив се констатирани и повреди во пределот на половите органи, а ДНК траги од обвинетиот се пронајдени кај две од жртвите и кај една од преживеаните-рече Лапе.

    Појасни дека преживеаните Слоботка Арсовска и Росанка Трајковска во своите докази опишале дека биле фатени за врат, соборени и давени.

    Во однос на убиството на Станче Каревска, кое Бојковски не го признава, Лапе истакна дека обвинетиот при давањето исказ навел детали за начинот и времето на извршувањето кои, според Обвинителството, целосно се совпаѓаат со форензичките наоди.

    – Таквите детали не можеле да му бидат познати на никој освен на сторителот-кажа Лапе.

    За јавните обвинители, обвинетиот Трајче Бојковски е пресметлив, бидејќи според психијатриското вештачење тој покажува способност за прикривање и кај него отсуствуваат емпатија, каење, срам и нагласи дека има ризик од повторување на делата.

    Судско – психијатриското вештачење утврдило дека Бојковски покажува способност за прикривање, за што, како рече обвинителот, јавноста беше сведок на првото рочиште кога обвинетиот Трајче гледаше во плафонот, а на последното Судот беше цел на обид за манипулација кога обвинетиот Трајче се колнеше во Алах иако е православен, со цел да се додвори до претседателот на Советот претпоставувајќи дека е муслиман со оглед на неговото име и презиме. Тој кажа дека за убиството од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, покрај директната умисла, потребен е и посебен мотив, ниски побуди, кои во случајот се поврзани со некрофилија. Во дејствувањето на обвинетиот се препознаваат и други мотиви, подмолен начин на извршување, родово базирано насилство и, според неговото признание, мотив поврзан со пари.

    Адвокатот на одбраната, Тони Цветковски, доделен по службена должност побара Судот да донесе пресуда важна за општеството и изрази сочувство до семејствата на починатите. Тој кажа дека начинот на извршување и повредите се индиција, но не и доволен доказ за вина. Како несоборливи материјални докази ги наведе биолошките траги под ноктите, чиј ДНК-профил се совпаѓа со обвинетиот Трајче Бојковски и истакна дека Обвинителството извршило темелна истрага. За двете оштетени – прежиевани, рече дека од нивните искази не може до крај да се утврди умислата на обвинетиот. Тој кажа дека Судот треба да има предвид дека обвинетиот признал вина, не бил осудуван и е млад.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.