Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи

    Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи

    06.10.2026 во 14:541 Min Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи и еден повикаа на службен разговор поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив осум управувале возило без положен возачки испит и тоа: И.Џ.(34), О.Е.(21), Н.Т.(20), сите од Скопје, Е.Д.(19) од с.Арачиново, скопско, 17-годишник од с.Студеничани, скопско, С.Д.(65) од Србија, 16-годишник од Велес и Ш.А.(48) од Прилеп, кој возел и под дејство на алкохол.

    Со активна мерка забрана за управување на моторно возило управувал В.Д.(31) од с.Разловци, делчевско. Додека пак, Д.Г.Т.(24) од Холандија управувал со брзина поголема од дозволената, односно возел 175 километри на час на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.

    По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

    Прочитај повеќе

    Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром

    06.10.2026 во 14:31

    Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот

    06.10.2026 во 13:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.