Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Даниловски: Ако правилно се применуваат методите на заштита, може да се минимизира ризикот од западнонилска треска

    Даниловски: Ако правилно се применуваат методите на заштита, може да се минимизира ризикот од западнонилска треска

    06.08.2026 во 22:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

     Доколку правилно се применуваат методите на заштита, може да се минимизираат ризиците од западнонилска треска, но и од други болести што се пренесуваат преку комарци, изјави епидемиологот д-р Драган Даниловски. Поради тоа што тигрестиот комарец се размножува и во многу мали количини вода, тој препорачува луѓето да не чуваат застоена вода околу домовите.

    ​- Најголем ризик за тешка форма на западнонилска треска имаат постарите лица, хронично болните, оние со ослабен имунитет… Личната заштита многупати е споменувана – потребни се: соодветна облека и мрежи на прозорците. Многу битно е отстранувањето на онаа застоена вода околу домовите, на пример за луѓе кои живеат во куќи со дворови. Сигурно имаат стари автомобилски гуми – тие секогаш се полни со вода којашто којзнае колку долго стои таму. Тоа е рај за размножување на комарците – нагласи докторот во интервју за ТВ Телма.

    Епидемиологот Даниловски посочи на симптомите на западнонилска треска – висока температура, силна главоболка, кочење на вратот, дури нарушена свест, парализа… и рече дека доколку се појават граѓаните веднаш треба да одат на преглед кај лекар. 

    Тој го опиша тигрестиот комарец како подоминантен, повитален и посупериорен од оној некогашниот „домашен“ комарец и е активен 24 часа.

    -Тигрестиот комарец е способен да се размножува во многу мали количини вода. Тоа е фантастично колку се животоспособни. Мали оние тацни под вазните ако имате дома или во двор, малку водичка ако има таму, е, доволно. Пластични садови, порции од домашни миленици, автомобилски гуми, пластични буриња, олуци – олуците мораат постојано да бидат исчистени, да не собираат таму вода – предупреди докторот.

    Прочитај повеќе

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22

    Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани

    22.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.