Кога дури и Максим Димитриевски, политичар кој не успеа да изгради политичка тежина надвор од националистичката реторика, се осмелува јавно да ги дисциплинира највисоките претставници на Вреди, тогаш проблемот повеќе не е кај Димитриевски. Проблемот е во немоќта и потчинетоста на Вреди. Тие станаа толку слаби што секој во оваа Влада чувствува дека може да им зборува со јазик на ултиматуми, без воопшто да стравува дека ќе добие барем каков било одговор, се вели во соопштението на ДУИ.
-Ова не е првпат. Токму Максим Димитриевски беше меѓу првите кои, на почетокот од мандатот на оваа Влада, ја наметнаа неприфатливата практика албанските претставници да не го користат албанското национално знаме на официјалните средби. Денес, претставниците на Вреди не се осмелуваат да го постават албанското знаме ниту на својата маса, иако токму Демократската унија за интеграција го легализираше и институционализираше со закон користењето на националното знаме. Тоа е разликата меѓу оние што освојуваат права и оние што тивко ги предаваат, велат од ДУИ.
-Сега, за 2 Август, Димитриевски јавно му се обраќа на претседателот на Собранието, Африм Гаши, укорувајќи го и дисциплинирајќи го како да е негов политички подреден. А што прави Африм Гаши? Молчи. Како и секогаш. Истиот Африм Гаши кој не најде храброст да го брани Охридскиот мировен договор, туку се обиде да ги оправдува оние што го оспоруваат. Истиот што го бранеше Стоилковиќ и од ден на ден го менуваше образложението за прикривањето на видео-снимките, еднаш тврдејќи дека станува збор за лични податоци, другпат дека одговорноста е на Министерството за внатрешни работи. Однесување што сведочи за недостиг на интегритет и политичка храброст. На Албанците не им се потребни претставници кои ја наведнуваат главата секогаш кога ќе бидат прекорени од коалициски партнер. Не им се потребни луѓе кои молчат кога се допира националното и институционалното достоинство. Потребни им се претставници кои ги бранат стекнатите права, кои зборуваат кога се загрозува еднаквоста и кои не го заменуваат достоинството за фотелја, велат од партијата.
велат, доста е од политиката на сервилност.
-Албанците и сите граѓани на оваа држава заслужуваат претставници со достоинство, со храброст и со глас. Не претставници кои чекаат да бидат дисциплинирани од другите, а потоа молкот да го изберат како единствена форма на политичко дејствување. Молкот на Вреди не е мудрост. Тој е предавање, стои во соопштението од ДУИ.

