Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФЗОМ ги усвои новите правила за боледување
    • ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФЗОМ ги усвои новите правила за боледување

    ФЗОМ ги усвои новите правила за боледување

    06.10.2026 во 13:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување едногласно ги усвои измените на Правилникот со кој се уредуваат критериумите за утврдување на привремена спреченост за работа.

    Од Фондот нагласуваат дека со измените не се скратува правото на боледување, ниту се ограничува неговото времетраење кога за тоа постои медицинска потреба. Матичниот лекар и натаму ќе може да утврдува боледување до 15 дена, а за период подолг од 15 дена ќе одлучува лекарската комисија на ФЗО.

    Промената од седум на пет дена, како што појаснуваат од Фондот, не значи дека боледувањето автоматски завршува на петтиот ден. Станува збор за период по кој, ако здравствената состојба бара продолжување, ќе се применуваат медицинските критериуми предвидени за конкретната дијагноза.

    На пример, ако пациентот добие боледување поради одредено заболување, матичниот лекар може да го отвори боледувањето. Ако по петтиот ден пациентот сè уште не е способен за работа, лекарот ќе треба да оцени дали се исполнети критериумите предвидени за таа дијагноза за боледувањето да продолжи.

    Тоа не значи дека шестиот ден пациентот мора да се врати на работа. Ако има медицинска потреба, боледувањето продолжува.

    Со измените се воведуваат и повеќе олеснувања за пациентите и матичните лекари. За дел од дијагнозите повеќе нема да биде потребно упатување на лабораториски испитувања, туку проценката ќе може да ја направи матичниот лекар, а кај дел од заболувањата се проширува и временската рамка предвидена со критериумите.

    По 15-тиот ден, предлогот за продолжување на боледувањето матичниот лекар ќе го доставува електронски, наместо преку досегашната рачна постапка.

    Се прошируваат и случаите во кои боледувањето ќе може да се утврди без физичко присуство на осигуреникот, особено кај тешко болни, неподвижни и тешко подвижни лица, како и кај пациенти на болничко лекување.

    Кај хроничните заболувања ќе може да се користат постојните дијагностички наоди доколку се сè уште важечки, без непотребно повторување на истите испитувања.

    Со измените се прецизираат и условите за ретроактивно утврдување боледување во оправдани случаи, а се предвидуваат и олеснувања за бремени жени и доилки кај радиодијагностички испитувања со јонизирачко зрачење.

    Од ФЗО велат дека новите решенија се резултат на повеќемесечна стручна работа и анализа и дека целта е да се усогласат критериумите со современата медицина, но и да се намалат непотребните административни постапки за пациентите и лекарите.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе

    06.10.2026 во 12:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.