30-годишен скопјанец е приведен откако претходно нападнал вработен во продавница, откако тој го фатил како краде.
-Вчера во 21:10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.Ј.(30) од Скопје. Тој се сомничи дека претходно во продажен објект одзел производи и бил забележан од вработениот, кој се обидел да го спречи, по што Х.Ј. физички го нападнал. По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 од Кривичниот законик, велат од МВР

