Топлинскиот бран на територијата на Република Србија ќе донесе максимални температури од 35 до 40 степени, кои според најновото предупредување од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) ќе бидат најизразени утре и задутре.
Покрај високите дневни температури, во Војводина и во Белград се очекуваат и тропски ноќи.
Според последните мерења, температурата во главниот град на Србија достигна 31 степен, додека во Нови Сад, Палиќ, Ниш и Лозница беа измерени 30 степени.
Бранот со високи температури ќе продолжи да ја зафаќа земјата сè до петок.
Во овој период се предвидува стабилно и ведро време.
Дневните температури ќе се движат во опсег од 35 до 40 степени, додека на одделни локации се очекува да достигнат и до 41°C.

