Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава.
На средбата се разговарало за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за дополнително зајакнување на односите меѓу двете држави.
„Разговаравме за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји“, соопшти Николоски.
Тој потенцираше дека реализацијата на капиталните инвестиции во инфраструктурата останува еден од главните приоритети на Владата.
„Владата е силно посветена на реализацијата на капиталните инфраструктурни инвестиции како значаен двигател на економскиот раст, регионалното поврзување и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните“, истакна вицепремиерот.
Николоски додаде дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи да се развива во сите области од заемен интерес, во духот на традиционалното партнерство и пријателство.

